Како готвеле порано бабите на оние големи шпорети на дрва!
Се чудам како готвеле порано бабите на оние големи шпорети на дрва со рингла голема како трпезариска маса. Над оганот: една манџа за денес, друга за утре, ѓезве во кое се вари кафе и тафче за запршка. На другиот дел над релната се докрчкуваат варени пченки, тафче со пинџур и тенџере сварен чај. А во релната се пече пита. И се тоа се готви во исто време, а куќата преубаво мириса.
И јас така. Со една уклучена рингла сум скроз безбедна… тоа ако не заборавам да ја исклучам. Со две уклучени рингли, прекипува од сите страни и шпоретот се прави лом. Со три уклучени… веќе замирисува на загорено. Уште и релната ако ја уклучам… не ми бега пожарна
Посетено 1.923 пати