Неделна имагинација – Синоличка Трпкова

Во мојата нова книга која следната недела ќе излезе од печат ја нема оваа цртичка, но е фина најава за нејзината содржина.

Неделна имагинација

Готвам по навика. Есента е време кога почнува училиштето. Тава ориз со кокошка и цвекло салата. Мирисот на супата се меша со мирисот од печената тиква. Мојата патетичност и клишето во описот на неделата нема крај. Ги направив сите работи што и’ доликуваат. Светлата од куќата горат насекаде во ова темно и поплавено утро. Мачките го следат секое мое движење низ празните соби. Измислувам дејства како актер на прва година факултет, на час по глума. Недела е ден за имагинација. Ќе ја поставам масата, ќе ја извадам кокошката од рерна и децата ќе долетаат од собите. Маж ми ќе ја раскрене масата и сите заедно ќе гледаме филм. Ова дејство во мојата глава нема ниту една пречка за совладување, ни внатрешна, ни надворешна. Освен што нема протагонисти за да го одиграат. Ништо страшно. Ним и онака, кај и да се, кокошката со ориз и тиквата нема да им недостигаат.

Посетено 2.458 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!