Скандал на концертот на Kraftwerk: двајца од публиката…

Вчера се одржа концерт на пионерите на електронската музика, легендарните Kraftwerk.

Од неофицијални извори (од очевидци) дознаваме дека двајца членови од публиката, облечени во цветни кошули со крената јака, Армани панталони и бели кожни шпиц-ципели, со пуштени нокти на малото прсте, носејќи во рацете виски и Ред-бул се упатиле кон бината со намера да им лепат пари на ‘оние горе на синтисајзерите’ за да отсвират нешто од Аца Лукас.

Обезбедувањето интервенирало на време…

Посетено 5.214 пати