Луксузен Салон За Намештај На “Bottega Veneta”
[fblike]
Прекрасна комбинација на луксуз и уметност
Новиот малопродажен простор на куќата Ботега Венета
се наоѓа во луксузната историска зграда од 18 век во Милано
и стана третиот салон за намештај на Bottega Veneta
Волшебниот интериер на палатата Gallarati Scotti во Милано отсега ќе биде новиот дом на куќата за мебел Ботега Венета. Објектот датира од 18 век, а новиот салон ќе се простира 2.200 квадратни метри зад чие уредување стои креативниот директор Tomas Maier , кој се обидува да ги зачува и понатаму да ги нагласи архитектонските карактеристики на палатата која е украсена со релјефна структура по таваните и насликана со фрески на ѕидови од авторите Carlo Innocenzo Carlone и Giovanni Battista Tiepolo. Уметничкиот интериер и елегантниот дизајн на мебелот Ботега Венета формираат хармонична симбиоза на луксузното минатото и сегашноста.
Околу уредување на новиот изложбен салон во помош се повикани компании како што се познатите куќи од Мурано, фабриката за керамика Koenigliche Porzellan-Manufaktur од Берлин и познатиот производител на гарнитури за седење Poltrona Frau. Во салонот ќе може да се купат керамика, мебел, декоративни перници, осветлување и голем број предмети за декорација на домот што го краси елегантен минималистички дизајн во согласност со софистицираната естетика по која е позната куќата Ботега Венета.
Посетено 712 пати