Како Игор Џамбазов стана најпознатата инфлуенсерка во Македонија?

Крај на јуни-почеток на јули пред 3 години, ја у велико заакан цел месец по грчките острови, а Игор Џамбазов после втората операција на оправак у хотел Истатов у нов Дојран.

Фаќа пекол сегде. Ја на ниет да се приберам бар на кратко у нашата се’ уште несеверна Македонија. Немаше некој посебен разлог, ама да завршам некои обврски шо уствари и ги немам, а и да се видам со рековалесцентот што ми даде еден интересен предлог: а бе дојди си прво у Дојран(мислиш таму београдско пролече па у ладовинка ќе чмаеме цело време) да си поседиме некој ден поред базенчево на Благој и после се враќаме заедно у Скопје. У меѓувреме да најдеме некоја куќа у Маврово, да ја изнајмиме бар на два месеци, ама голема да биде за да може да си викаме и на гости кого сакаме. Ајде доаѓај, јави се у Маврово сите ги знаеш, ваљда ќе ти најдат куќа на убаво место и да продужиме директно у планина ко цел нормален свет што праи у лето. Ти сеа пак ли на море? Сам викаш дека и таму е пекол, само шо има море и ништо поише.

Стварно ме убеди и беше у право. Само што ја отидов директно за Скопје, пекол невиден, вршник, не се дише. Се развртев телефони и ми најдоа куќа мавровци, бев да ја видам, стварно голема и на убаво место. Му ја покажав на Игор, вика иди одма и кажи им дека може и 3 месеци ќе останеме, ја доаѓам за некој ден. Го донесоа, растоварија и почна уживанција у мир, тишина и ладовина…

Знае по некад да биде и досадно, нели? Пошто ја више навлезен толку време у социјални мрежи, на Фејсбук скоро докторирав, твитер ми беше досаден и немаше некоја сврха, а му се имав посветено највише на Инстаграм. Знаев што е ново, најново и ете шанса да го испробаме. Се појави на Инстаграм, нешто ново. Ептен тазе, уште вруќо, чуреше таа Инстаграм Телевизија. Прочепкав ја шо е како и глеам еве нас што ни фали. Дозволуваат и подолги видеа од тогашната една минута. Ајде Игор да пробаме нешто ново и да го разработиме, еме ќе се зезаме и ќе чепнеме некоја паричка. Он пошто више имаше баталено тоа фејсбуците, за инстаграм чул, видел, разбрал, ама не доразбрал. Знае фино дека само фотки и видеа се закачуваат и говна јадење нема ко на останати хејтерски платформи.

Уствари некоја година-две пред да се случи ова, сакајќи или не, више на два пати лапнавме евриња исто ко шо ни се деси на времето со единствената песна на Хавана Бенд коа заработивме тогашни 1.000 марки кај Дики у диско у Драчево. Имавме две добри зделки на Инстаграм више остварено. Заработката скоро исто ко со бендот, ама овде траеа двата клипа само по 15 секунди. Такви беа правилата на Инстаграм, ние ги испоштувавме, клиентите задоволни, а ние уште поише.

Малку го отупев, ама ете некој увод за овој снимак, Ние распиштолени у двор со скари, мари пржолии, коа едно сабајле улетуе Гуру Харе да го фати воздух мавровски и на Игор му кажуе дека има закажана свирка у Делчево, па као го замолиле организаторите нешто да се објави по тој повод на социјалниве мрежи.

Еве го тоа прво клипче кое трае повеќе од една минута, а целта на Инстаграм беше да се снима не 16:9 туку обратен дизајн шо би рекол Зеко. Видеото да биде у формат не како у кино туку ко шо го држиме мобилниот испраен, значи 9:16. Сефте пробуење да ги фатиш двајцава музиканти у исти кадар и да го уснимиш минута и кусур, не беше лесно. Ама ете, ни успеа у два покушаја. Сеа разбира првиот беше бољи и тој го објавивме. а …Тоа се дешаваше и понатаму.

Објава на истото клипче у исти ден и на Фејсбук…
Ех, тука бројките на гледаност(најважното нешто у оваа игра)се веќе бајаги големи, лајкови и шерувања исто…

Се’ уште го немав убедено да отвори сопствен Инстаграм акаунт…

Конечно нешто од неговиот сопствен Инстаграм. Кај семејството Чукови во село Сретеново, Дојран. Игор како навива кога игра Македонија, а и ја победува големата Германија во фудбал…

НАРАВОУЧЕНИЕ: За да напраиш брзински НАЈДОБРА,
а ефективна реклама ти требаат само две работи:
ИГОР ЏАМБАЗОВ и СМАРТФОН.

#ФалаМногуПријатно

Посетено 4.719 пати