Ако седиме дома во полициски час во време на светска пандемија… НЕ СМЕ ХЕРОИ

Само да разјасниме една работа пријатели:

Ако седиме дома во полициски час во време на светска пандемија… НЕ СМЕ ХЕРОИ. Туку сме нормални луѓе кои сакаат да бидеме сите здрави и да не плаќаме по 3-4 илјади евра казна за непотребно шетање во празен град.

Херои биле Гоце, Христо, Питу, Даме, Јане. Херој е пожарникар кој влегува во оган за да спаси живот. Херој е мајка која со смешна плата гледа деца и ги воспитува да се добри луѓе кои ќе знаат да разликуваат и да ценат. Херој е човек кој се симнува на шини за да дигне паднат секунди пред да помине возот. Херои, иако не се гледаат како такви, на еден посебен начин периодов се и лекарите, полицијата и АРМ, како и учителите кои прават се што можат за да го продолжат едуцирањето на децата, со цел да научат што е херој, а што е нормален и здраворазумен граѓанин, колективна одговорност и однос кон себе и државата.

Но ние кои седиме дома на топло со ладен фрижидер и меко под г’з – не сме херои. Фала на вниманието

Фејсбук статус: Богдан Илиевски

Посетено 5.031 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!