Женски рулет – втор дел

[button color=”#000″ background=”#fff” size=”large” src=”http://majkatiitatkoti.com/objavi/zenski-rulet-prv-del/”]Прочитајте го првиот дел[/button]
Наредниот ден Кире се разбуди со страшна главоболка. Само што ги отвори очите светлината му причини уште толку проблеми. Тибам сонцето скапано, си помисли и стана експресно да ги спушти ролетните. Фрли поглед низ собата, хаос беше. Кој ѓаол ме тераше да пијам толку вино кога не ми држи газот, се прекори и тргна накај кујната да најде витамин Ц и да си исцеди сок од портокал. Го зема мобилниот. Две пораки, три пропуштени повици. Боже Господе кој знае што ме чека сега, си рече малку со страв пред да провери кој сè го барал и му пишал.
zenski-rulet-vtor-del
Првата порака беше од Тијана. Му имаше пишано дека многу ја погодил муабетот од вчера и дека цела ноќ мислела и дека сака да се видат вечерта. Не ми се верува дека еден глупав план целосно упали, се насмевна додека ја читаше пораката. Не пиша ништо, остави за подоцна. Втората порака беше од Тања. Само што го прочита нејзиното име почна пот да го облева. Се присети на сцената од претходната вечер и едноставно немаше храброст да се соочи со вистината. Прејде на пропуштените повици. Сите три од Петар.
„Стана бе цреп?“ – со смеење му крена Петар.
„Станав пиздо,“ – се насмеа Кире – „и не биди толку гласен, глаа ме кине, не те можам вака рано насабајле кога си полн со енергија и гласен како политичар на митинг.“
„Кое црно сабајле бе пијандуро една, 2 саат поручек е, среди се.“
„За мене сабајле е.“
„Ај на кафе, мувло.“
„Ај да се облечам и идам. Каде ти се иде?“
„Појма немам, некаде на сонце.“
„Јебем те сонце, глаа ќе ме скине.“
„Напиј се апче, стоко, и не кукај како жена у ПМС.“
„Ајде, ајде, ќе те соберам од дома за пола саат и ќе идеме на средно Водно на кафе, може?“
„Така те сакам. Иди изми заби корнеш до тука.“
„Да ми се фатиш.“
За половина час беше веќе кај Петар и се возеа кон средно Водно. Денот беше прекрасен, пролетни температури, сите луѓе излезени, насмеани, весели. Пролетта се чувствуваше во воздухот. Мирисаше на пролет, што би рекол дедо му.
„Дали ти со цел памет вчера проба тоа што ми збореше дека ќе пробаш?“ – го праша Кире откако му даде доволно време да си ги присобере мислите.
„Пробав, да. Ама не со цел памет туку со пола памет, или уште поточно кажано, без памет!“ – одговори Кире со доза на жалење.
„Е зошто без памет? До толку ли се избламира?“
„Зависи што подразбираш под бламирање?“
„Па не знам, да те провалат што правиш и да изедеш ќотек од пет накурчени жени?“
„Не се избламирав до толку тогаш.“
„Е колку се избламира?“
„Го изедов од една само.“
„Тања?“
„Од кај па сега ти знаеш?“
„Па само она е толку катиљ за да те исхејта, другите се нормални, не се фрустра ко неа. Којзнае колку време не е испеглана таа. Плаче за секс, ама тоа кокошкиниот мозок не ѝ дава.“

baner-igor-forza

„Нема везе, сума сумарум, Кате и Фросе паднаа, Тијана сака да се видиме вечер, Светле ја откачив, а Тања ми фрли вино во сурат и ми фрли бомба дека ме симпатишала од прв ден!“
„Абе иди бегај! А она случајно амнезија да не има од тие денови кога ти ѝ се пушташе и трчкаше по неа како кутре или со сила се прави будала?“
„Не стигнав ни да помислам на тоа.“
„Види, Тања е таква. Класичен хејтер. Не може она да има, па прави пиздарии. Ја боли нејзе пична жила за тебе. Криво ѝ е што ти у една вечер си напраил масакр со две нејзини другарки, една си договорил ко за поише, а она останала во ист кош со мутавана Светле. Вака ем се чувствува изоставено, ем ја фаќа класичната женска љубомора, кои се они да имаат, а ја да немам. Сега сака и она да проба тоа што другиве го пробале.“
„Не знам, брат, само знам дека глава ме боли.“
„Која глава?“
„Двете!“
„И викаш ти фрли вино у сурат а? Бреј колку си ѝ згазил на ганглии. Сега ако си паметен и ако одиграш добро можеш и неа да ја решиш.“
„Ма бркај работа бре, другарка ми е, не сакам да ја решам.“
„Слушај да ти кажам нешто. Не туку ми се филмај како девојчица некоја, другарка ти била. Пред пет години кога ја запозна, другарка ли ти беше или трипаше секој ден по неа?“
„Друго беше тогаш. Ми помина од тогаш.“
„Како да не бе. Ти помина привремено пошто имаше девојка четири години, па не смееше да мрднеш. Ако некоја ти прави ќеиф, ондак ти прави ќеиф, тоа не поминува, факт.“
„И што сакаш да направам бе, да ја бркам сега неа? Па топ ми е вака, моментално. Двене кокошки ги фатив на финта, можат да ми бидат топ лагер, Тијана која ја симпатишам нешто повеќе, ако успеам можам за девојка да ја фатам, а Тања кој ја ебе.“
„Да видам, да не верувам.“
„Добро што сакаш да направам?“
„Слушни се.“
„Ми пишала порака сабајлево.“
„Што ти пишала?“
„Не знам, немав муда да отворам.“
„Отвори де тогаш!“
Кире безволно го извади телефонот од џеб, ја прочита пораката и остана така збунет и без зборови. Бледо гледаше во патот и се преправаше како да бара место за паркинг.
„Значи полупразен е паркингов, не е астрофизика. Паркирај каде било и збори што ти пишала.“
Кире паркираше и се упатија кон ресторанчето. Седнаа и нарачаа кафе. По десет минути уживање и молчење Кире собра сили и прозборе.
„Еве што ми пишала. ‘Каква вечер! И јас се направив летва синоќа и сега само што ми светна што ти кажав и што направив. Ајде да се видиме после и да правиме муабет. Извини.’ И ај сега, што ќе кажеш на ова?“
„Што има да кажам бе папак еден. Пиши ѝ и договори се да се видите.“
„А Тијана?’“
„Закажи ја за утре. Кажи ѝ дека ти дошло инспирација да сликаш и дека не можеш вечерва и крај. И дај молим те не се пичи, пошто ич не ти личи.“
Кире зема длабок воздух и ѝ пиша на Тања да дојде кај него вечер, околу седум. Тања експресно му врати дека ќе дојде.
Не му се веруваше што се случува. Се загледа кон Скопје долу во подножјето на Водно и му се врати филмот пред пет години кога се запозна со неа на неговата прва самостојна изложба. Имаше само деветнаесет години, но беше попаметна од пола девојки од негова генерација. Не беа ни многу разлика, само пет години. Од прва го импресионираше со сè. Со размислување, со облекување, со ставови за животот. Девојката беше како измислена за него. Имаше само еден проблем, беше во врска со друг.
Долго време се дружеа и хемијата меѓу нив се зголемуваше од ден за ден, или барем тој така си мислеше. Не можеше да ја извади од глава. Почна да се однесува нерационално. Почна да откачува убави девојки, престана да се гледа со девојките кои му беа само за секс, почна да размислува што ќе прави откако ќе почнат да се гледаат.
Но, работите не беа толку едноставно. Таа иако постојано се гледаше со него и му кукаше како врската ѝ се распаѓа, сепак не му даваше јасни знаци дека сака нешто повеќе со него. Се присети и на фрустрациите. Тежок период беше тоа за него. Излезе од една болна врска и беше многу повреден. Но, без разлика на сè, точно знаеше што сака. Ја сакаше Тања.
Го извади мобилниот и ѝ се јави на Тијана да ѝ каже дека нема да може да се видат вечер. Го викна келнерот, плати за кафињата и се спуштија со Петар кон центар.
Додека возеше доби порака од Тања. Вечерва ќе ја памтиш долго време, ти ветувам. Почна уште толку да се збунува. Од каде сега вакви муабети? Зошто токму сега.
Ѕвончето заѕвони еднаш и долго. Знаеше дека е Тања. Толку добро ја знаеше што дури знаеше и како ѕвони. Отвори врата и остана со отворена уста. Пред него стоеше Тања облечена точно како неговата најголема сексуална фантазија. Црни долги чизми, кратко црно здолниште, полуоткопчана бела кошула со црна вратоврска, собрана коса, очила и нападна шминка со истакнати очи и црвен кармин.
„И што сега педерски играме?“ – праша Кире. „Значи какво створење си, да не ти каже нешто човек!“
„Не те разбирам,“ – се насмевна Тања – „што е тука проблемот?“
„Значи не биди лоша, знаеш дека ова ми е неостварена фантазија?“
„Кое?“
„Пошто си лајно, нема да дискутирам со тебе на оваа тема повеќе. Повели влези.“
Тања влезе и веднаш се упати кон спалната соба. Ја отвори вратата, влезе и легна стомачки на креветот. Кире беше збунет. Дали беше ова девојката која со години беа блиски другари? Дали ова беше истата девојка која пред пет години го одби кога ја бакна бидејќи му рече дека нема хемија? Дали ова беше истата девојка која година дена подоцна го запозна со девојката со која потоа одеше цели четири години? Дали е ова истата девојка која сега лежи на стомак кај него на кревет и на која и се гледа пола задник од мини здолништето и стринг гаќичките?
„Ќе седиш таму како дебил и ќе се лигавиш или ќе дојдеш тука?“ – го праша Тања.
„Идам.“ – рече Кире и подголтна. Отиде и легна до неа грбечки. „Што сакаше да ми кажеш?“
„Зарем треба вербална комуникација онаму каде што има јасен говор на тело?“
„Со оглед на ситуацијата, да, треба! Не сакам втор пат да ми кажеш дека нема хемија, па да земам да те треснам од…“ – не успеа ни да доврши Кире кога јазикот на Тања се најде кај него во уста.
Тања почна силно да го бакнува и само експресно се премести со цело нејзино тело врз него. Тој со двете раце ѝ ја скина кошулата на средина и копчиња летнаа на сите страни. Двете големи гради се појавија врз него. Со еден потег ѝ го соблече градникот и почна да ја милува. Се премести од устата на градите и продолжи таму да лиже, па продолжи кон вратот. По некое време Тања го турна, и таа почна да му ја соблекува маичката. Почна да го грицка и бакнува по стомакот, а со десната рака му го откопча патентот од панталоните. Веќе беше тврд до експлодирање. Го извади и почна да се спушта надолу со устата. Кире беше во екстаза, не знаеше каде се наоѓа од возбуденост и од среќа. Тања продолжи да се спушта подолу и подолу и веќе со устата дојде речиси до неговиот пенис. Кире ги преврти очите од среќа и чекаше таа да започне. Одеднаш таа стана, си го зема градникот, експресно ја закопча кошулата, стана и си отиде низ вратата.
Кире остана збунет. Сè уште не му се веруваше што се случува. Додека се свести каде е и што му се случи доби порака на мобилниот. Веднаш го зема за да ја прочита. Пораката беше од Тања и гласеше: „Еднаш се заебав и те пропуштив. Чекав четири години за шанса и ти пошто си голем фраер наместо да ја искористиш, ти си направи план да ми го поминеш цело друштво? Земи сега сам да си го испушиш, пизда ти матер!“
Расказот е извадок од романот – Исповеди на еден психотичен ум

[button color=”#000″ background=”#fff” size=”large” src=”http://majkatiitatkoti.com/author/psihotichen-um/”]Можеби ќе ве интересира повеќе од истиот автор[/button]

Извор | Fail.mk
Посетено 1.468 пати

Психотичен Ум

Психотичен Ум

Vladimir Ristevski (Psihotichen Um)