За пет минути

pet-do-12_majkatiitatkoti

Во пет минути до дванаесет
помислив на тебе.
Помислив што правиш,
дали си со некого,
дали спиеш, дали се смееш,
дали мислиш на мене.
Всушност дали барем еднаш помисли на мене
во денов што измина.
Јас помислив на тебе
само во пет до дванаесет…
а целиот ден ги мислев твоите очи.

Посетено 1.349 пати