Соопштение за јавност по повод неодамнешното “грицање” нокти во автобус на ЈСП
Соопштение за јавност
По презентирањето на видеото на порталот Daily Mail во кое Македонец онака симпатично си ги сече ноктите на нозете во градски автобус, би сакале да ја известиме македонската јавност дека ние, како светски најреномирана педикир компанија, одлучивме да инвестираме во вашата земја. Планираме отварање на подружница и вработување по еден патролен педикир-работник на сите линии во автобусите на ЈСП, а на градската линија број 2 Сарај-Автокоманда и по двајца, по потреба и тројца, во случај на зголемување на побарувачката за нашите услуги. Патролните педикир-работници ќе поминат соодветна обука и ќе бидат опремени со најсовремена педикирска опрема и гас маски.
Се радуваме на можноста за зајакнување на бизнис климата во вашата земја, на внесувањето странски инвестиции и отварањето на нови работни места.
Менаџмент тим,
Компанија за педикир услуги „Toe“
Лондон, Англија
Посетено 3.583 пати