Нова Хит-Диета во регионот и пошироко: 7,7 кг. за 7 дена!

nova hit dieta_majkatiitatkotiСекое сабајле у седум, се почнуе со мантрата „Простум седам, сирење за пари, кој го нема нека проба кашкавал“, уз пратња на најновиот албум на„ Тајзи&тхе идиотс“. По седум минути, се почнува со правење на полушпага, мушка и женска, а после се пристапува кон изведување на свеќа, уз благо џускање на седуминутната верзија на „Свечу да ти дам, само да заиграм„ на Митар Мириќ. Се отрчува до најблиската црквица, најпрепорачливо од оние за седумте џуџиња, се палат седум свеќи, а може и ауто-гума пошто поише
дими. По пауза од 17 минути за „дигитронска“ цигара со вкус на џигерица у марамица, се враќате дома и до 17 часот ги гледате програмите на ТВ Слнце, со обавезно воодушеување и стендинг овејшнс. За вечера седум чешниња лук и седум пивца „Крали Марко“ и правац кревет. За седум дена нема да ве препознае ни мила мама.

Посетено 260 пати

Сашо Христовски

Сашо Христовски

Сашо Христовски