Топ-тема рекапитулар (парафразиран)
Фејсбук статус: Калина Коси
[fblike]
– Можете ли да ги објасните барањата на движењето „За заедничка Македонија“ за гледачите?
– Ејјјјјјјј хахахаха пак ли, не ми се верува што ме прашуваш, нема што да се објаснува, се е јасно. Кому не му е, нека научи историја хахахаха
– А што мислите за амнестијата на хашките случаи?
– Што рече!!?? Ти ли на мене бе за хашките случаи, а!? Јас ли сум ги амнестирал!?
Првиот си го врти и си игра со телефонот, се дере на цел глас и треска со рацете врз стаклената маса. Вториот џвака мастика. И двајцата се однесуваат како да се во кафана, уствари не, биртија, уствари не, како пред кооперација.
Првиот станува на сред емисија со зборовите „Јас си одам, овој ми е досаден, не можам веќе да го слушам!“, вториот станува по него со зборовите „Јас ќе се солидаризирам со мојот соборец, ве поканувам да се видиме на улица“.
И тоа е се што треба да знаете за Тврдокорните.
Топ-тема, пред да повикате како гостин некој од Тврдокорните нареден пат, сменете си го стаклото на масата… со некое појако. Ве гледам скоро без исклучок, синојка за прв пат во вашата историја забележав дека не ви е стабилна масата, опасно се заниша, не е доволно отпорна на притисок при демонстрација на сила!
Посетено 5.886 пати