ЗЛАТНА БУБА МАРА ТИК ТАК 19 издание


Награда за трајни вредности за Игор Џамбазов

Фото: 24strumica.mk
Фото: 24strumica.mk
19 тото издание на најпопуларното шоу  во нашата земја, оваа година ќе биде  запамететено и по доделувањето на  награда  за „Трајни  вредности“ на  Игор Џамбазов.
Нашиот познат актер и шоумен, ТВ водител, музичар, писател  и текстописец,  повеќе од 40 години  е  значаен и препознатлив  дел од  македонската  култура  и уметност.
Со своите извонредни уметнички и сценски перформанси Игор Џамбазов континуирано со секое свое појавување во јавноста и на сцената  е со задоволство пречекан од публиката.
Како добитник на наградата за „Трајни  вредности“  Игор Џамбазов  од оваа година се вклучува  во друштвото со легендите од оваа категорија кои во изминатите години беа добитници на  ЗЛАТНА БУБАМАРА –  Влатко Стефановски,  Неле Карајлиќ, Бајага, Оливер Мандиќ,  Тончи Хулиќ, Дино Мерлин, Влада Дивљан и  многу други.
Специјалното, 19-то ТИК ТАК  издание  на ЗЛАТНА БУБАМАРА  годинава ќе се одржи под мотото  ДА СЕ СОБЕРЕМЕ, ПРЕД ДА НЕ СОБЕРАТ ! во Метро ПОЛИС  арената на 18-ти февруари  .
Во изминатите 10 дена  во 1 хала од скопскиот саем се  поставува специјалана сценографија за потребите на престојната манифестација.
Мал број на влезници  ќе бидат пуштени во продажба на 8-ми февруари преку мрежата на Мк Тикетс  и на билетарата во Универзална Сала  по цена од 1200  и 1500 денари.
Во недела во 21 часот  на Канал 5 ќе се емитува ретроспектива со дел од најинтересните моменти од  изминатите изданија од Златна бубамара.  Уживајте ….
Посетено 12.922 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!