САКАШ МОНСТРУМ ДА БИДЕШ?
Низ разговор често луѓе викаат
„ах да можам да се вратам во гимназиски
денови со овој памет„
И што ако се вратиш?
Ќе бидеш едно пресметливо детиште
што во се’ гледа некој свој интерес,
нема да се глупираш и правиш грешки?
Па целата поента на детството е тоа
да експериментираш, да се глупираш,
да плачеш и се смееш,
Како да ставиш мозок од старец
во срце на дете ?
Сакаш монструм да бидеш ?
Посетено 321 пати