Зељка и Хирургија

Едно време нон – стоп си искачав во Ургентен центар на Клиники. Ќе си го спроведам итниот случај ќе си земам кафенце од банкоматот, ќе си седнам на мојата клупа пред ургентен и си чекам.

И така преклани ова време клава зелка сопружникот и едно време упаѓа дома крвјосан со виснат палец.

Сместа вртам кај рожбата:

-Тато се самозакла, не се заклавме меѓусебно, да не се вадиш од памет. Крвишта има по дома. Го носам на шиење. Чао.

Возам брзински. Цело време брмчи дека не знам да возам и дека ќе сме изгинеле со заклан прст. А не знам да возам. А битно ли е?!
Во меѓувреме врти сопружникот кај другарка пластичар – хирург:

-Шопрајш?
-Еве шетам низ Трговски
-Немаш време за штетање, си имаш работа

Доаѓа, се спроведуваат горе на шиење, а јас нормално си земам кафенце од банкоматот и си седнувам на “мојата” клупа.

-Добро ма, до кога ќе искачаш овде?! Кафичи си има специјални…

Едно време се загледувам – блузата со љочки од цвекло, дека цело време “клавам нешто на муцката” (што би рекла баба ми Магда), два – три куршуми на блузата и навлечени патики такозвани трафтала!!

Заврши процедурата, доаѓа другарка ми:

– Добар е, го средивме, исекол тетива, тече инфузија, јас си одам, ќе им кажам на “оние” дека си докторка да те пушат да се качиш горе. Тогаш, нели, беше модерно специјалци со калашњикови да искачаат по клиники.

Им вика:
– Докторката ќе се качи горе

На овие не им се верува – кој е створов- читам од очите нивни специјалски.

Заврши епопејата. Од тогаш кочанот го дупчиме со бор-машинче.

Посетено 628 пати