ЗА ХОМОСЕКСУАЛНОСТА или “ГЕЈ“ СЕ РАЃАМЕ

Додека бебенцето е во утробата на мајката се случуваат низа процеси. Ќе наведам само два: ембриогенезата (создавањето на ембрионот) и органогенезата (процес кога се создаваат органчињата на малото бебенце). Во текот на овие процеси се дефинираат разликите во сексуалното однесување кај мажите и жените.
Тие се поврзани со големината на нуклеусот наречен INAH-3, кој се наоѓа во хипоталамусот. Оние кои првпат го сретнуваат терминот НУКЛЕУС И ХИПОТАЛАМУС ги замолувам ДА НЕ МИ ПЦУЈАТ МАЈКА  Нормално е дека оние кои не студирале или не се занимавале со природни науки не можат да ги познаваат терминиве. Ќе ги објаснуваме ако има потреба.

Генерално, НУКЛЕУСОТ Е ДВА ДО ТРИ ПАТИ ПОГОЛЕМ КАЈ МАЖИТЕ во споредба со жените и е исполнет со андроген-сензитивни клетки одговорни за типично машко-сексуално однесување. ПРОМЕНИТЕ ВО ГОЛЕМИНАТА или во ХОРМОНСКАТА СТИМУЛАЦИЈА на овој нуклеус кај единки од машки или женски пол, може да предизвикаат кај нив СЕКСУАЛНО ОДНЕСУВАЊЕ КОЕ Е ПОКАРАКТЕРИСТИЧНО ИЛИ НОРМАЛНО ЗА СПРОТИВНИОТ ПОЛ.

ИЛИ СО ДРУГИ ЗБОРОВИ ’ГЕЈ’ ИЛИ ’НЕ ГЕЈ’ СЕ РАЃАМЕ.
Посетено 3.327 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!