Просечен Македонски патриот и верник, со и без маска

Просечен Македонски патриот и верник, со и без маска:

– Сака напреден систем, вози на црвено,
– Сака напреден систем, паркира на тревни површини,
– Сака напреден систем, ѓубрето го фрла од тераса,
– Сака напреден систем, секаде се пика преку ред,
– Сака напреден систем, не плаќа даноци,
– Сака напреден систем, го пцуе наставникот, затоа што син му има кец…

И да не забаравам. Се крсти во црква, на свадба, на утакмица, пред крастот на Водно, а повикува на гасни комори за “нелуѓето“…

Е па Македонче, чорба… затоа што ТИ СИ СИСТЕМ, на моја голема жал.

Зоран Антиќ

Посетено 1.169 пати