За да бидеш успешен треба да бидеш сингл?

Денес многу луѓе не стапуваат во посериозна врска или брак се додека не успеат во својата кариера.
Тоа е така бидејќи сите се плашат дека комфортната зона во врската со партнерот нема да ги остави да излезат и да ја посетуваат зоната на успехот повремено.
Но, не мора да значи дека за да бидете успешни, потребно е да бидете сингл.

za-da-bide-uspesen-treba-da-bides-singl-1[fblike]

Овие неколку примери ќе ви го докажат тоа и можеби ќе ве премислат наскоро да рипнете во тавче или барем да се прпелкате во него.
Ти не си единстевниот со амбиција
Доколку се стремиш кон успех, сигурно нема да одбереш партнер кој нема амбиција, цел или соништа за кои живее.
Наместо шупелка без иднина, ќе имаш некој со кој ќе се натпреваруваш кој ќе постигне повеќе, бидејќи нема да бидеш единствениот со амбиција.
Ќе имаш фан покрај сите хејтери
Кога си успешен имаш повеќе хејтери отколку фанови, тоа е неминовно, но доколку си во врска ќе имаш  еден искрен фан кој ќе вреди повеќе од сите тие хејтери.
Успешната врска ќе те тера да се стремиш кон повеќе
Тоа што имаш успешна врска, ќе те тера да бидеш успешен на сите полиња во животот, а доколку партнерот се стреми кон истото, вие ќе го урнете светот заедно.
Поделен успех е дупли успех
Исто како што поделена среќа е дупла среќа, така и поделен успех е дупли успех, што значи дека доколку сакате да бидете успешни и во врска, секогаш успехот ќе ви биде поголем отколку кога сте сингл.
Ќе имате химна на секој автогол и гол
Без разлика дали давате автогол или гол, вие секогаш ќе имате некој што ќе ве бодри да се обидете да шутирате повторно и посилно.
А после химната од партнерот која ќе ве бодри во замена за милиони, верувајте дека шутирањето не само што ќе биде успешно туку и ќе го пробуши голот во центар!
Посетено 4.220 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!