Кажи ми што е човек без соништа? Што е човек ако со себе не носи куфер од надежи?

Соништа… Некои се големи, некои се мали… Некои се лесни, а некои се тешки…. Некои бараат време и трпение, други само храброст и по малку ризик… А, сепак сите се исти…

Да сонуваш значи дека постоиш, да сонуваш со отворени очи значи дека битисуваш и дека имаш идеали за во иднината.

Кажи ми што е човек без соништа? Обичен патник во реалноста? Што е човек ако со себе не носи куфер од надежи?

Секој сон може да биде реален, само ако можеш да го замислиш неговото остварување. Секој сон може да се исполни само ако веруваш во себе… Секој сон зависи само од тебе!

Оди зграпчи го, освој го… Живеј го!!

Јас го живеам својот сон, а ти?

Марија Прличкова

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 524 пати