Смеете ли да лајкнете ваков или сличен пост или сте исплашени дека некој тоа ќе го види?

laptop-naslovna_majkatiitatkoti

– Прабаба ми: Не смеевме да се буниме, ќутевме во време на Турците, се плашевме оти силуваа.
– Баба ми: Не смеевме да се буниме, ќутевме во време на Нацистите, се плашевме оти убиваа.
– Мајка ми: Не смеевме да се буниме, ќутевме во време на Тито, се плашевме оти на Голи Оток носеа.
– Роднини: Не смееме да се буниме, ќутиме, се плашиме оти ќе не избркаат од работа.
– Колеги и пријатели на кафе: Не смееме да се буниме, ќутиме, се плашиме оти може да не чујат.
– Колеги и пријатели на фб: Не смееме да се буниме, ќутиме, се плашиме оти не следат.
– Колеги и пријатели кај мене во инбокс: Не смееш да се буниш, ќути, не си ја барај бељата!

Сите ист ген влечеме, фала му на бога па по некоја генерација прескокнува. Јас ја имав таа среќа да ме прескокне…

Едно искрено прашање до сите вас: Смеете ли да лајкнете ваков или сличен пост или сте исплашени дека некој тоа ќе го види? Смеете ли отворено да зборувате што сакате во канцеларија на работа или додека седите некаде на кафе? Ако не смеете, тогаш во исто ропство живеете како и вашите претци! Отворете ги веќе еднаш тоа очите!

И на крај, за оние што не само што ќутат додека ги газат, туку уште и солат памет на други дека попаметно било да си ќутат како нив, една мудра мисла од Платон: Заќутете се!!!!

 

Посетено 4.415 пати