Никогаш не објаснуваш зошто нешто правиш или така изгледаш, нека пукнат мајчините од љубопитност!

Освен ако не правиш некој криминал или не си платен за тоа. За се’ останато нека пукаат од љубомора, завист и љубопитност.

Пред не така далечно минато, пред некои 5 години, прочитав мои статуси каде на долго и на широко објаснувам дека мојата Марла не е ороспија, дека ова – дека она… абеее… сега да ми е тој памет, ќе си врзам едно две-три шлаканици асални, и по рацете ќе се попарам, па да видев дали пак ќе ми текнеше да се објаснувам и правдам.

Звучам како стара баба од 88 години, ама тогаш да го имав овој „зрел“ памет, ќе им речев: АМА, ДА НЕ ТИ Е ГАЈЛЕ.

Зошто, каде, како… е моја работа. Твојата работа не ме занима, јер ти не ме занимаш. Просто е ко грав.

Дали јас пишувам романи, автобиографии, чуда, тебе да не ти е гајле. Дали јас имам разбушавена коса, валкани патики и „све ми боје лепо стоје“ комбинации, тебе да не ти е гајле.

На крајот од денот, ако ти ја кажам вистината, ќе ти смени ли нешто? Ќе ми помогнеш ли? Не! Е па, зошто да си губиме драгоценото време објаснувајќи се?

Пуф. Исчезни. Блокирај се. Не ми сметај…

Затоа што ако навистина ти се допаѓаше она што го работам, немаше на памет да ти падне да ме прашуваш бљувотинки… ако навистина знаеше кои се моите проблеми, ќе ми пружеше рака за помош или бар немаше да ме замараш со непотребни прашања.

Ако нешто во животот научив е тоа дека СЕКОЈ ГО СЛУША ОНА ШТО САКА ДА ГО СЛУШНЕ, СЕ’ ОСТАНАТО Е МАТЕРИЈАЛ ЗА ОЗБОРУВАЊЕ!

Марија Прличкова

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 601 пати