Реакции на „загрижени родители“ со критика кон „Преспав“

prespav-naslovna[fblike]
Читам реакции на „загрижени родители“ со критика кон „Преспав“ зошто срамота и недолично било јавно да се прикажуваат истополови парови, демек деца гледале. Па да, значи осет да се немало! Под итно да им се забрани на деца да ја гледаат таа серија! Шо им текна да ја пуштат ја не знам. Шо фино пред „Преспав“ си гледаа само културни сериички… како палат живи луѓе во „Долина на волците“, како се станува невестичка на 12 години во „Малечката невеста“, како се прават крвни освети, како се тепаат жени кога не ги слушаат мажите, како се продаваат ќерки за мажачка и други слични корисни и едукативни содржини со кои изобилуваат турските серии. Прашање е како ќе ги опоравиме децата сега по шокантното сознание дека постојат луѓе со различна сексуална ориентација и уште пошокантната порака дека треба да се рамноправни со останатите?!
Јас лично пак, никогаш нема да се опоравам од поразителното сознание дека голем дел од населението во Македонија во 21 век има толку заостанати ставови, што заслужува само уан-веј тикет за некое село во Индија или Турција!!!

baner-igor-forza

Посетено 16.443 пати