Прибор што се јаде (ВИДЕО)

Дали овој едноставен пронајдок може да го спаси светот?

cutlery-pribor_majkatiitatkoti

Што велите на тоа пластичниот прибор засекогаш да го замените со прибор кој би се јадел? Звучи одлично, особено од гледна точка за грижа и зачувување на животната средина, бидејќи светот се гуши во пластика која што при депонирање испушта штетни материи во почвата. Новиот прибор што се јаде и природно се разложува, е решение за овој горлив проблем со кој се соочува планетата.

Овој пронајдок доаѓа од Индија, поточно од Нарајана Писапати – Narayana Peesapaty, кој во 2011 година го создал приборот што се јаде, а денес е брендиран под името Bakeys. Тој истакнува дека неговиот производ е многу хранлив и има рок на траење од три години.

Приборот не содржи конзерванси, туку е исушен и третиран на ист начин на кој се прави сушено овошје. Составен од  пченица, ориз, просо, и е достапен во повеќе вкусови.

Доколку ја употребите лажицата на Bakeys при јадење, но не ја изедете, таа ќе се разложи за помалку од една недела. Исто така, таа е доволно компактна со неа да се јаде, да речеме, врела супа. Останува да се види дали овој пронајдок засекогаш ќе го замени пластичниот прибор.

Во прилог, погледнете го ВИДЕОТО:

Посетено 163 пати

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk е портал кој обработува поширока тематика во доменот на медицина, фармација, исхрана и сл. и е наменет за широка публика која се интересира за своето здравје и исхрана со посебен фокус на медицинските работници.