“не мрчи Ано, од љубов е”

sokace-ana_majkatiitatkoti
Сакам да ми пишеш
од нигде никаде
и да ми кажеш да сум спремна за кратко
за некои смешни 15 минути
и кога ќе те прашам како да се облечам
да ми го изрецитираш Тагоре
“каква и да си дојди, не се колебај при облекувањето”
па од брзање да си ја размачкам маскарата
(тоа е она на трепките што се става, памтиш?)
и таква да ти слезам долу пред зграда
задишана и бушава
а ти да ме гледаш ко да сум супермодел
а не само една обична Ана
и да ме стиснеш толку силно
што ќе ме заболи вратот
и пред да изустам збор да се насмееш и да ми речеш
“не мрчи Ано, од љубов е”
да ме однесеш во Дебар маало
на вино во Сокаче
да се гледаме ко да сме сами на светов
а потем да шетаме некаде
по улици
за рака фатени
испијанети од хемија
а срцата да ги рушат сите закони на медицината
сакам да ме љубиш до изгрејсонце
дур лицето со врв на прстот ти го галам
и да тераме муабети на кои нема да се сеќаваме
ама ќе си го памтиме сјајот во очи
и вкусот на бакнежите
до сабајлината да одиме
дур нозе не ни капнат
и на дневно светло љубов да водиме
испреплетени
еден во друг вдишани
ма кој се секира што е сабота
и дали комшиите ќе не’ чујат
и дур ме стискаш силно
како да сакаш во себе да ме внесеш
да се кикотиш дур здив земам
и да ми речеш
“не мрчи Ано, од љубов е”

595x90

Посетено 7.530 пати

Jiang Ziya Episode Full at website https://animefreak.ws my hero academia animefreak

Watch The Rising of the Shield Hero (Dub) Episode 20 (https://animeplanet.cc/m/E57Z/ep-20) at AnimePlanet weathering with you anime planet