Игор Џамбазов: “Шарениот шал” песна за Тања, една од моите најголеми љубови

Пред точно две години Игор Џамбазов ја издаде својата последна книга „Улица Диши Длабоко“, каде се спомнува и фамозната песна напишана пред речиси 33 години, посветена на една од неговите најголеми љубови, Тања Кочишка.

Игор ја разбрани јавноста  откако раскажа дел од нивната приказна кај Жаре во емисијата „Еден на Еден“ .

Тука може да ја погледнете и неговата изјава:

Љубовна приказна на Тања и Игор е раскажана во „Шал“ за која Никола Перевски-Пере направи аранжман, а наскоро јавноста ќе има прилика и да ја слушне оваа балада . До тогаш ни останува да уживаме во стиховите во една искрена и чиста љубов…

ШАРЕНИОТ ШАЛ

Грозна ноќ, заледена и мртва,
небото смрзнато над мене бдее.
Викам на помош како племенска жртва,
исплашен сум, но знам ќе ме грее
шарениот шал со мириси луди,
добиен со замена во влезот што студи.

Надвор е војна, се касаат пците,
еден пијаница до дома ме дави.
И среќен сум што не знаат сите
дека умирам, ама друштво ми прави
шарениот шал со мириси луди,
добиен со замена во влезот што студи.

Толку е пусто, тишината се слуша,
нејзиниот ритам ми удира в глава.
Полн сум со бедна самотија до гуша,
уништен сум, но сила ми дава
шарениот шал со мириси луди,
добиен со замена во влезот што студи.

Лежам како кукла, а пишувам песна,
стариот алкохол во гради ме гребе.
Не, ова нема да биде приказна лесна,
сè дури го имам на себе
шарениот шал со мириси луди,
добиен со замена во влезот што студи.

Песнава се случи.
Во влезот до „милицијата“ во Карпош.
Сега во влезот не студи.
Ставија парно.
Посветено на Тања К.
Мојата прва вистинска љубов која ме чека на небото…
Напишана во февруари 1987 година, во бифето на Драмски.

 

Посетено 6.376 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!