Ти и јас, осудени да не се најдеме

595х90 px-01

senki_majkatiitatkoti

[fblike]

Ти и јас
со векови се бараме
цели животи наназад
како во прогонство
како проколнати
секогаш доцниме
секогаш пристигаме
кога другиот е веќе заминат
Ти и јас
две тажни души
преполовени од едно
фрлени на два краја од светот
со судба вечно зад себе да се вртиме
мириси во сенките да ловиме
погледи да заробиме
допири да крадеме
Ти и јас
со срцата љубов водиме
со умовите еден во друг влегуваме
и упорно се губиме
како без компас
како ништо да немаме
освен оваа луда љубов
која без разум не’ остава
Ти и јас
море од јадови ќе препливаме
низ кал од вина ќе чекориме
горчливи солзи ќе исплачеме
зборови за љубов ќе проголтаме
ти и јас
јас и ти
осудени да не се најдеме.
Посетено 3.978 пати