Име и заслуга
Нобеловата награда секоја година се доделува во неколку области: физика, хемија, економија, литература, медицина, мир. Замислете го сега за сега ова, Нобеловата награда за мир била доделена на Мајка Тереза, Нелсон Мандела, како и на многу други значајни личности и организации во светот, како на пример Лекари без граници, кои се бореле за демократија, слобода, човекови права, спасување човечки животи во услови на војни и слично.
Е сега, наградата е воведена и крстена по Алфред Нобел, шведски хемичар, инженер, пронаоѓач и производител на оружје! Тој е оној кој го пронашол и динамитот. По него е крстен и хемискиот елемент, радиоактивен метал, нобелиум. Нобел го поседувал и Бофорс кој го пренасочил од неговата примарна улога на производител на железо и челик, во голем производител на топови и друго оружје. Оружје, динамит, знаете она, што се користи во војни за убивање и распрснување на човечки тела на нивните составни делови…? Бидејќи бил критикуван дека се богател од производство и продажба на оружје и му бил објавен предвремен некролог во кој е наречен „трговец со смртта“, една година пред неговата смрт, во 1895 година, побарал преку тестамент неговото богатство да се искористи за воспоставување на овој фонд на награди. Умира 1896 година. Искупување за гревовите пред смртта? Му се одело во рајот? Како и да е, ако ги ставиме неговите заслуги за развој на науката настрана, не е баш соодветно име за наградава, нели?
Посетено 521 пати