8 работи за кои секогаш треба да се извинувате кога сте во врска

8 nesta_majkatiitatkoti

[fblike]

Мислам дека не постои врска во историјата на врските која не преживува на извинувања. Сите ние од време на време правиме глупави работи, па затоа е потребно да ги објасниме нашите дејства или размислувања.
Па ние сме само луѓе, а луѓето се суштества кои имаат недостатоци. Правиме грешки без оглед на тоа колку и да се трудиме да не правиме.
Можеби не е наша вина- можеби не е ничија вина. Вистината е- Не е важно.
Покажувањето со прст никогаш не помогнало да се задржи една врска. Извинувањето не значи дека секогаш ја прифаќаме вината. Понекогаш, а особено во врските, со тоа покажуваме колку се грижиме за другата половина.
1. Бидејќи сте започнале со кавга или расправија
Никогаш не постои доволно добра причина за кавга или расправија. Јас разбирам дека се присутни во сите врски, но сум прилично сигурен дека ќе имате подобра врска ако не подлегнувате на нив.
Се што можете да кажете со викање, може да се каже и тивко. Сфаќам дека партнерите прават да сме малку повеќе емоционални, но начинот на кој ќе одговориме на нашите емоции е само наша одлука.
Наместо да излезат работите од границите, разговарајте со својот партнер. Ова може да биде тешко кога вашиот партнер не сака да зборува, но што да ви кажам… врските можат да функционираат единствено кога и двете страни се доволно зрели.

2. Бидејќи сте немарни и не ги извршувате вашите задачи и задолженија
Сите ние имаме работи кои мораме да ги завршиме. Некои од нас се многу зафатени. Но најчесто се се сведува на мрзеливост.
Што и да сте ветиле дека ќе направите на вашиот партнер сигурно тоа не е нешто што не можете физички да го остварите. Можеби сте изморени од целодневната работа, но изморен е и вашиот партнер.
Ако нешто треба да се сработи, тогаш навистина треба да се сработи. Ако не му давате друг избор на вашиот партнер освен да ви ги собира панталоните по вас, тогаш треба да се извините. Во овој случај таквата мрзеливост е безобразна.

3. Бидејќи не се трудите доволно да направите мали промени кои вашиот партнер ќе ги цени
Никој не може да биде среќен 100 % од времето во врската. Сите имаме некои неидеални навики и наклоности кои им газат по нервите на останатите.
Работата е што вашиот љубовник не е само ‘останатите’ –тој или таа е огромен дел од вашиот живот.
Доколку сакате врската да потрае, тогаш ќе треба да направите компромиси и да не се однесувате неразумно.
Да бидеме целосно искрени, никој не треба да бара од вас да правите нешта кои не сакате да ги правите.
Ако не сакате да ги направите овие мали промени за личноста која очигледно ја сакате, тогаш дали вие навистина сте сигурни дека ви е гајле за него/ неа онолку колку што верувате во тоа?

4. Бидејќи не се замарате да ги направите посебните прилики навистина посебни
Терминот ‘посебна прилика’ е погрешен. Не тера да веруваме дака посебните прилики се вродено посебни, дека тие се посебни по договор.
За жал, не функционира тоа на тој начин. Ништо во светот не е посебно, ако ние не веруваме во спротивното, а за да веруваме дека е специјално- треба да поработиме за да го направиме специјално.
Посебните прилики се посебни бидејќи оставаат трајна меморија во нашите умови. За да се случи некој магичен момент, треба да се потрудите за да го направите магичен. Ако го сакате својот романтичен сон, тогаш создадете го.

5. Бидејќи не обрнувате доволно внимание
Секој човек сака внимание во некој облик или форма. Кога станува збор за нашите љубовници ние очекуваме да го добиеме тоа внимание од нив.
Дури и уште повеќе, ние очекуваме тоа внимание да биде исполнето со љубов и грижа. Луѓето излегуваат со други само за да се чувствуваат убаво, личноста која е со нив ги прави среќни.
Самото чувство дека се сакани и дека сакаат ги прави среќни. Ако го оттргнеме тоа внимание- сите мали нешта кои ги потсетуваат нашите љубовници дека ги сакаме- малку нешта можат да ги задржат до нас.
Вие веројатно ги сакате и се грижите за вашите партнери. Ако недостатокот на внимание или недостатокот на време кое им го посветувате ги повредува нивните чувства, тогаш најмалку што можете да направите е да се извините и да се обидете да се промените.

6. Бидејќи станувате дрски и потоа ви е жал за нештата кои сте ги кажале
Кога двајца ќе влезат во врска, тие не престануваат да бидат свои. Тие продолжуваат да бидат свои, со своите проблеми, со свои грижи, со свои неуспеси и демони.
Животот знае да биде тежок за справување и партнер или не, понекогаш ги губиме нервите. Ова се случува на најголем дел од нас. Ние сме лути, фрустрирани или накурчени и велиме нешта кои никогаш не би требало да ги кажеме. Извинете се.
Можеби вашето его ве присилува да го направите спротивното, но не заборавајте дека направивте грешка и побарајте прошка од вашиот партнер. Се надевам дека ова не е прекршок кој се повторува и вашиот партнер ќе биде подготвен да ви прости.

7. Бидејќи не бевте таму кога му бевте потребни на вашиот партнер
Најчесто ова ни паѓа најтешко- кога очекуваме дека љубовта на нашиот живот, личноста која вети дека ќе биде со нас до крајот на светот кога и да ни е потребна ја нема никаде.
Понекогаш забораваме и губиме осет за времето. Понекогаш не успеваме да стигнеме без оглед на тоа колку и да сакаме да сме таму. Фактот е дека не е важна причината зошто не сме биле таму.
Вие не бевте таму и тоа е доволно зa да го повреди вашиот партнер. Без оглед на тоа дали ќе ве обвини или нема, самиот факт дека не сте биле таму кога сте му биле најпотребни на вашиот партнер е ужасно искуство. Кажете му нему или кажете и нејзе дека ви е жал. Кажете дека нема да се повтори и обидете се да го одржите ветувањето.

8. Бидејќи немате храброст први да се извините
Врските се… комплицирани. Се што вклучува две или повеќе лица е комплицирано. По гаволите, дури и една личност е комплицирана. Сите правиме грешки, сепак поголем дел од времето ни е тешко да признаеме дека ние го сторивме тоа.
Никој не сака да биде грешен или слабак. Никој не сака другите да сфатат колку сме всушност грешни.
Запомнете го следново-оној кој може да ги признае своите грешки е силен и мудар, но не и обратно. Ако не ги признаеш своите грешки, никогаш нема да можеш да извлечеш поука од нив.
Кога станува збор за врските, ако не ги признаете своите грешки и не се извините за нив, можете да си останете сами многу долго време. Ако не можете да му се извините на вашиот партнер, тогаш не можете ниту да го сакате
Посетено 11.278 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!