6 Причини Зошто Вистинската Личност За Вас Треба Секогаш Да Ве Прави Нервозни

6 Reasons

Кој е тој момент кога сфаќате дека можеби се вљубувате во некоја личност?- Тоа е истиот оној момент кога сфаќате колку таа личност прави да се чувствувате нервозни.
Нервозата е начин преку кој нашите умови ни кажуваат дека некој многу ни значи. Човечките суштества развиле јасна перцепција за опасностите кои животот ни ги нуди, за неизбежните загуби и разочарувања.
Кога ќе пронајдеме некој кој секогаш успева да не прави нервозни, тогаш тоа е јасен знак дека тој или таа е исклучително важен/на за нас.
Вообичаено, човечките суштества се потполно егоцентрични суштества- се додека не се вљубиме. Единствено кога сме вљубени ја чувствуваме таа личност и се грижиме за неа скоро на идентичен начин како што чувствуваме и се грижиме за самите себе.
Личноста со која треба да го поминете остатокот од животот е токму онаа која секогаш успева да направи да се чувствувате нервозни. Секогаш има причини за што да се грижите и да бидете нервозни кога станува збор за животот. Нервозата вообичаено потекнува од потребата да се заштитиме себе си.
Тоа е она чувство кога чувствуваме потреба да ја заштитиме личноста која сметаме дека вреди да ја задржиме до себе- некој за кој се грижиме исто како што се грижиме за самите нас
1. Секогаш го антиципирате следниот пат кога ќе имате шанса да се видите
Дури и кога сте оддалечени, вие двајца сепак не сте далеку- во текот на целиот ден се допишувате преку пораки. Но, сепак, кога ќе треба да се сретнете лице в лице повторно ги чувствувате оние пеперутки во стомакот.
Ова е најизразено во почетокот на врската, додека се е сеуште ново, сеуште постои некаква мистерија- додека сме најзаинтересирани тој/ таа да биде наш/а. Повеќето тврдат дека пеперутките во стомакот исчезнуваат со текот на времето, но сепак не мора да значи дека секогаш е така.
Секако, нормално е да не се чувствувате нервозни секој пат кога треба да се сретнете, но ако пак никогаш не сте нервозни, тогаш имате проблем.
Чувството на нервоза е она што не потсетува колку ја сакаме личноста со која сме. Проблемот е што со текот на времето ние не им обрнуваме доволно внимание на нашите партнери со што би си дале шанса да бидеме нервозни.
Не смеете да дозволите врската да функционира автоматски. Се што некогаш било ново, следниот пат нема да биде толку возбудливо, но ние живееме во свет каде можностите и искуствата се бескрајни.
Ако очекувањето на вашиот партнер никогаш не ве прави нервозни, тогаш сфатете го тоа како знак дека треба повторно да воспоставите меѓусебен контакт, дури и можеби малку да ги измешате работите. Потребен е труд за врската да успее. Ако доволно го сакате вашиот партнер, тогаш ќе го вложите тој труд.


2. Иако знаете дека нема потреба да криете било што, сепак сте нервозни дека вашата апсурдност ке го/ ја исплаши
Сите знаеме дека не сме совршени и стануваме нервозни кога размислуваме за можноста дека нашите несовршености ќе ја исплашат љубовта на нашиот живот.
Ова е интересна причина бидејќи и поркај тоа што сакаме да се чувствуваме удобно покрај личноста која ја сакаме, сепак преголемата удобност е вообичаената причина поради која врските не успеваат.
Реалноста е дека ниту вие ниту пак вашиот партнер не сакате да бидете премногу отворени еден кон друг. Постојат некои работи кои не сакате да ги знаете, не сакате да ги слушнете и дефинитивно не сакате да ги видите.
Игнорирањето на одредени нешта предизвикува неизмерна среќа и е потребно до одредена мера за да го задржите романтичниот жар во врската. Можеби размислувате за тоа дека сакате да ја познавате личноста и од надвор и од внатре, но постојат некои работи кои подоцна ќе посакувате никогаш да не сте ги дознаеле.
Понекогаш е најдобро да ги задржиме нашите најлични моменти само за нас- за доброто на врската. Ако никогаш не се чувствувате нервозни дека можеби ќе погрешите, тогаш голема е веројатноста дека веќе правите грешки.


3. Не можете ниту да замислите тој или таа да ве напушти, но сепак се плашите од таа можност
Го сакате вашиот партнер толку многу што ве плаши дури и помислата дека нема да бидете заедно до крајот на животот.
Врските завршуваат со неуспех во голем број од случаевите, а одлуката за крај обично не е едногласна. Луѓето имаат свои демони со кои треба да се справат, а понекогаш дури и најсовршената врска ќе пропадне- бидејќи еден од партнерите сеуште не е подготвен.
Не е едноставно да се биде дел од една врска- барем не толку лесно како што поп- културата сака да направи тоа да изгледа. Половина од времето сме изгубени во сопствените непотребни негативни мисли.
Ако не сме нервозни поради можноста тој или таа да не остави, тогаш сме нервозни поради тоа дали ние самите сме подготвени овој пат да биде последен.


4. Нервозни сте за тоа колку го/ ја сакате
Љубовта е неверојатно комплицирано чувство/ искуство/ нешто. Љубовта кон некој, до било кој степен, секогаш значи да сте зависни од таа личност.
Мо*жеби и не верувате дека вашата среќа зависи од тоа дали таа/ тој е дел од вашиот живот, но ако губењето на вашиот партнер би ви го скршило срцето, тогаш вашата среќа буквално зависи од одлуката на таа личност да продолжи да биде дел од вашиот живот.
Не е невообичаено да бидете вознемирени за тоа колку се грижите, колку сакате некој и колку зависите од таа личност.
Особено ако претходно сме биле во оваа позиција- искуството за тоа колку може да ве повреди губитокот на некој кој ви значи е доволен за да направи да се чувствувате нервозни во новата ситуација.
Се мисли дека луѓето само непотребно се грижат и се вљубуваат. Јас пак сметам -+/дека нема ништо поважно од искреноста- барем кога зборуваме за вториот пат и секој пат после тоа.
Откако вашето срце ќе биде скршено за прв пат, учите да не го давате целото срце. Наместо тоа, предавајте го дел по дел, онака како што вашиот партнер докажува дека заслужува да го има.


5. Двајцата сте нервозни и возбудени за иднината која е пред вас
Знаете каде води вашата врска, и и покрај тоа што води онаму каде што посакувате, сепак сте малку вознемирени- дури и исплашени- за она што ве чека.
Стигнавте до моментот во вашата врска каде што нештата почнуваат да стануваат… трајни. Вие ја сакате личноста со која сакате да го поминете животот, но неизвесност за она што следува сепак ве прави малку нервозни.
Пред да трепнете, веќе ќе имате деца и вашите животи ќе се сменат за миг. Ќе бидете возрасни и ќе правите нешта кои возрасните ги прават.
Ако и ова не ве прави барем малку нервозни, тогаш вие сте позрели од повеќето луѓе во светот.
Или пак сте само наивни и не сфаќате колку тешки работи ве чекаат во животот. Знаете дека со помош на љубовта ќе го пребродите тоа, но сепак сеуште сте малку нервозни. Тоа е сосема во ред.


6. Нервозни сте за неизбежниот… ден кога патиштата ви се разединуваат засекогаш
Јас немам идеја кога ќе се женам, ниту пак со која ќе се женам, но веќе сум нервозен за неизбежноста дека ќе ја изгубам.
Јас мислам дека ова е единствениот начин за со сигурност да дознаете дали навистина сакате некој.
Не се работи за тоа дека не можете да живеете без некој. Се работи за тоа да знаете дека можеби ќе морате да живеете без неа или без него- ова е работа за која не можете да размислувате долго, а да не пуштите солза.
Еден ден ќе ги изгубиме сите луѓе кои ги сакаме и тие ќе не изгубат нас. Она што следува е неизвесно, непознато и речиси со сигурност не е она што ние замислуваме дека ќе биде.
Во реалноста, не е важно она што следува бидејќи вие не можете да го замислите постоењето на Универзумот без таа личност во него. Тој или таа е вашиот Универзум- вашата реалност. Таа личност е вашиот дом.
Посетено 4.932 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!