Која љубов на светов му остана????

koja ljubov na svetov mu ostana_majkatiitatkoti[fblike]

Која бре љубов?!!!
Се одродивме
Станавме ѕверови со кафези во срцата
И слободно шетаме околу
Касаме
Без усул
Без трошка сочувство
На туѓата мака како на заразна болест гледаме
И рака не подаваме
Небаре ќе ни се исуши ако некому помогнеме
Пишуваме за љубов
Зборуваме до изнемоштување за неа
Се натпреваруваме кој поубав збор ќе измисли
Кој ќе ја накити повеќе
А во себе ја немаме
Ниту кон сами себе ниту кон најблиските
Ниту до оние на кои им е потребна
Станавме ѕверови
Од оние најопасните
Облечени во човечка кожа
Накитени со убави очи и нежен насмев
Зад кој ни светкаат песјаците
Наострени за загриз
Која бре љубов?!!!!
Го вртиме погледот од бездомниците
Шутираме кучиња скитници по улици
Не отвораме врата ако е просјак пред неа
Гледаме до врвот на носот
И ниту милиметар потаму
А глумиме жртви и добрина продаваме
За да се покажеме
Пред себе, пред оние кои не се важни
За да си ја зачуваме сликата за човечност пред себе
За пет пари
За ништо!
Која љубов остана?!
Основната ја губиме во трка со времето
Та престануваме и себе да се сакаме
Дур не се испотепаме
Дур децата не ни изгинат
Дур животот не ни изгние
Дур еден ден седум милијарди луѓе не научат
Дека љубовта не е збор
Не е трепет
Ниту состојба
Дека е живот и дека живот дава
Дека е помош и кога некој не ја бара
Дека е молк и топла воздишка
Дека е почеток и крај
Дека е завет и верба поголема од секоја вера
која љубов
која љубов на светов му остана????
Посетено 1.863 пати