10 Фасцинантни факти за животот на Елтон Џон

“Големо нешто за рокенролот е дека некој како мене може да биде ѕвезда”.

elton john_majkatiitatkoti

Елтон Џон е една од најголемите музички легенди на сите времиња, sвезда која има продадено повеќе од 300 милиони плочи во текот на пет-децениската кариера.

Тој, истотака, се стекна со репутација како еден од досега најголемите светски изведувачи во живо, настапувајќи на многу концерти низ целиот свет и турнеи. Еве 10 факти за неговите настапи во живо кои ќе мора да ги знаете:

  1. Во 1979 година, Елтон стана првата западна рок ѕвезда што настапи во Израел и СССР.
  2. Елтон има многу совети за турнеи, главен меѓу нив е дека “Многу важно е кога си на пат да имаш две тиари. Никогаш не знаеш кога ќе бидеш поканет  на нешто навистина формално”.
  3. Меѓу многуте фази на срамниот аутфит на Елтон, е кога тој е облечен како Статуата на Слободата, Моцарт, Ајфеловата кула и Пајо Паторот. Тој, исто така, носи Ватфорд ФК комплет, безбол опрена,  пердуви од ној, како и колекцијата од 5.000 очила на кои е напишано неговото име.
  4. Јамаха произведе пијано кое Елтон го користеше во живо, вклучувајќи го и познатиот Црвеното Пијано и Пијаното од Милион Долари. Следните карактеристични работи се повеќе од 68 LED видео екрани за кои беа потребни речиси четири години да се направат. Тие тежеа околу 1451 кг.
  5. Елтон имал турнеи неколку пати со Били Џоел. Но сепак, нема ривалство меѓу нив,  со тоа што Елтон наведува дека “He is Mr Piano Man, I am Miss Piano Man.”AlfaLogoBanner1180x90_noeffects
  6. Елтон се појави на концертот во чест на Фреди Меркјури, одржан на Вембли стадион во април 1992 година, изведувајќи ја “The Show Must Go On”  со Роџер Тејлор, Џон Дикон и Брајан Меј, како  и “Bohemian Rhapsody” со истите тројца, заедно со Аксел Роуз од “Guns N Roses”.
  7. Елтон исто така, ја изведе епската балада “November Rain” со “Guns N’ Roses”  на 1992 “MTV Video Music Awards” на затворање на церемонијата.
  8. Елтон еднаш направи дует со Алан Партриџ: тие ја отпејаа Don’t Go Breaking My Heart на доделувањето награди на британската комедија во 2000 година.
  9. Елтон пееше дует со Лејди Гага на Греми 2010, Poker Face/Speechless & Your Song
  10. Тениската легенда Били Џин Кинг пееше придружен вокал во живо на Philadelphia Freedom – песна напишана за неа – на двата распродадени концерти во “Dodger Stadium” во Лос Анџелес, во 1975 година.

Посетено 1.478 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!