Влатче Илиевски и мојата „Есен“… Каква комбинација беше тоа… – Игор Џамбазов

– Извадок од книгата улица „Диши Длабоко“

Есен, креветот ни е тесен, секој ден до еден се протегаме. Надвор, личи на турски затвор, мора од лудницава да бегаме. А ич не ми се бега со мрзи како тебе, спора си.
А баш сакав да киднам далеку негде кај што има само мед и ораси.

Живот, облечен цел во сиво, нејќам на трепавици да дубиме. Живни, од мојот поглед пивни, жити здравје, ај да се изгубиме. Замижи и покажи со прстот дур се врти глобусот, ама малери сме светски сто посто ќе ни кидне автобусот.

Ај да одиме, на песочни плажи љубов да водиме. Ај да одиме, од љубов да умреме и пак да се родиме.

————————————-
Година 1992, крајот на август, Охрид. Со мојата „животна“ сопатничка. Што не стана „доживотна“.
Едно безбрижно попладне во спалната.
Есента ни дреме пред вратата.
Ама не ја пуштаме внатре.
Уште малку лето ни треба под нашите пазуви.
Љубовта е многу, многу, ама многу заебана појава, пријателе мој.

Прв пат ја отсвиривме во ’97.
Ја возевме накај „кантри“.

Влатче Илиевски ѝ направи „cover“.
Звучи како „Дугме“.

Посетено 1.626 пати