Игор Џамбазов: 22 април (Приказни од Мјаукедонија)

– Извадок од книгата „Приказни од Мјаукедонија“ – Игор Џамбазов

22 април

Денес е денот на планетава. Најмалку што можете да направите Вие, драги мои мрднати хомо-сапиенси, е на овој ден да си ги исперете сите гревови што ги имате сторено. И поединечно, и колективно. Мајката и’ ја расплакавте на планетава. Неверојатни сте. Си ја сечете гранката на која сите седите. А други гранки нема.

Да може планетава да си каже тоа што ја мачи, тоа би била најтажната поема што некогаш сте ја слушнале. Ја полудевте начисто. И’ доаѓа да екслодира, кутрата.

Посетено 299 пати