Тамара има нова песна „Monsters“, се враќа на европската музичка сцена
По пауза од неколку месеци, нашата Тамара се враќа на европската музичката сцена со нова песна насловена како Monsters, со истиот тим кој работеше на евровизиската PROUD.
„Последните неколку месеци се посветив на снимањето на мојот нов албум, а Monsters е само мала најава за она што ќе следи во наредниот период. Албумот го работам со Роберт Билбилов, Дарко Димитров и со Лазар Цветковски. Македонските текстови ги пишува Игор Џамбазов, а за англиските е задолжен Коста Петров“, информира Тамара.
Таа го најави новиот проект на социјалните мрежи, со интересна фотосесија и кратко видео, кое можете да го погледнете овде:
Something special is coming soon. ❤
Posted by Tamara Todevska on Tuesday, November 12, 2019
Посетено 463 пати