Голем е патот од мене до тебе пиле

oko-_majkatiitatkoti[fblike]
За да стасаш до чоек
Многу пат треба да изврвиш
За душата да му ја знајш
За да си дозволиш својата да ја откриеш
И срцето ширум да го отвориш
За добредојде некому да посакаш
Голем
Голем и тежок пат се врви
За чоек со чоек да се сплоти
Оти не е љубов
Она што на прв поглед кликнува
Ниту држењето за рака
Ниту пак изгужваните чаршафи
Она мекото, она шо внатре ти е
Ете тоа треба неизгужвано да ти остани
И верба во чоек да имаш
Да знајш оти каква и да си, ќе остани
Каков и да го видиш, покрај него ќе си
Без да си мерите на кантар
Кој за кого има појќе напраено
Кој кому има појќе кажано “те сакам”
Голем е патот од мене до тебе пиле
Години го врвиме без да знаеме
Кроце
Однатре и однадвор се пулиме
Нежно еден со друг се напипуваме
Ти мене
Јас тебе
Си ги галиме душичките ко деца да ни се
Ти мојата
Јас твојата
Та внимаваме кај кршливите делови
Ги виткаме со љубов за да не донапукнат
И се мирисаме
Како животинчиња се душкаме
Болките да си ги намирисаме
Од убостите да си вдишеме
Кроце
Со години наназад незнаејќи се љубиме
И стравовите си ги лечиме
Оние шо од други ни останале како лузни
И оние шо еден од друг ги имаме
За да не се осакатиме
Да не се повредиме дури ни случајно
Та јас ти бегам и три чекори назад ти се враќам
А ти упорен раката не ми ја пушташ
Ко да знаеме и двајцата оти еден без друг не не’ бива
Оти ако се раздвоиме само сенките ќе ни останат
И се љубиме
Дури и кога ко кучиња се касаме
Еден на друг пазиме
Касајот предлабок да не и да не боли отпојќе
И се чуваме
Како зеницата во окото се чуваме
Како уште малку време да имаме
Како мајка, чедото што си го чува
Ти мене
Јас тебе
Ти нас
А јас на “ние” внимавам
Со љубов послана на патот шо го врвиме
Со љубов
Ти мене
Јас тебе…пиле

[button color=”#000″ background=”#fff” size=”large” src=”http://majkatiitatkoti.com/prikaski-za-mali-deca/ana-bunteska/”]Можеби ќе ве интересира повеќе од истиот автор[/button]

Посетено 4.973 пати