5 типа на поздравување, од трзалица до цмокси-цмокси во воздух!

Пред некое време, се инспирирав да пишувам за видови на поздравување, од класично до цмокси-цмокси во воздух.

Па, ајде да започнеме.

1. Класичен поздрав

Вообичано се користи при попрофесионални средби. Нема многу топлина. Баш е чудно кога се користи меѓу поблиските членови на фамилијата (вујко со внука, тетка со внук итн). Варира од силен стисок (знак за почит и самоувереност) до онака провидно, безвезе (знак за непочит и непријатност).

2. Трзалица

Првата варијанта со трзање на дланките. Толку ќе ти ја издрма, што ако имаш карпал тунел или некој сличен проблем, веднаш ќе ти помине. Најчесто е знак за еуфорија. Ама воглавном изгледа сосема безвезе гледајќи од страна. Во живо дури е пострашно отколку на гифот.

3. Фора поздрав

Обично важи за друштво кое има развиено некоја фора. Демек, до толку сте јако друштво, де.

4. Цмокси-цмокси во воздух

Пред едно десетина години се разви онаа силна потреба од поздравување со бакнеж. За тој подоле. Овој бакнеж лебди во воздух и би требало да изгледа како на филмовите. Нах..

Почест е меѓу жени, секако!

5. Бакнеж за поздрав, образ до образ

Најчестата форма на поздравување. Мажи со жени и жени со мажи. Мажи со мажи не баш…

 

Посетено 499 пати