Небото е комплетно, збогум Дејвид Боуви

[fblike]

DavidBowie-portrait
Легендарниот Дејвид Боуви ја изгуби 18-месечната битка со ракот и почина на 69-годишна возраст, набргу по објавувањето на неговиот последен албум. Светот на музиката изгуби неповторлив уметник.

Неговиот син и публицистот ја потврдија веста за смртта на официјалната Фејсбук страница на пејачот: „Дејвид Боуви почина мирно опкружен со семејството по храбра 18-месечна битка со ракот. Иако ова е ужасна вест за сите вас, ве замолуваме да ја почитувате приватноста на семејството за време на овој мрачен период“.

Последниот албум на пејачот – Blackastar, излезе минатата недела токму за неговиот 69-ти роденден. Боуви, роден Дејвид Роберт Џоунс, за време на својата кариера издаде 25 албуми и оствари неколку улоги во филмови.
Рано во кариерата си го смени името, а познат е по неговите експерименти со многу музички жанрови и алтер егоата како Зиги Стардаст, Аладин Сејн и Thin White Duke.
По издавањето на првиот хит, Space Oddity во 1969-та година, Боуви стана глобална суперѕвезда со огромен успех на сите албуми.
Во `80-тите се префли на поп музиката и издаде хитови како Let’s Dance и соработката со Квин – Under Pressure. Последните неколку години не се појавуваше толку во јавноста откако наводно доживеал срцев удар во 2000-тите, а последниот настап во живо му беше во 2006-та година на добротворно шоу во Њујорк.
„Целата моја кариера, работев со истата суштина. Панталоните може ќе се сменат, но зборовите и суштината за која пишував се работи поврзани со изолација, напуштеност, страв и анксиозност“, изјавил музичарот во интервју од 2002-ра година.
Светот на музиката изгуби легенда, но наследството што овој генијалец го остави уште долго ќе одекнува низ сетилата на секој негов сегашен и иден обожавател.

[youtube height=”400″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=D67kmFzSh_o[/youtube]

Посетено 984 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!