,,Old Spice,, доби тужба за предизвикување ужасни хемиски изгореници кај луѓето

Големиот магнат за дезодоранси ,,Old Spice,, се соочува со тужби од корисници со ужасни изгореници по телото. Rodney Colley, жител на Вирџинија поднесе тужба против ,,Procter & Gamble,, претходно кога му се појави осип под пазувите, предизвикан со силни болки и непријатност.
 old spice-naslovna_majkatiitatkoti
Colley тврди дека рекламата на ,,Old Spice,, (,,Мирисај како маж,,) е главната причина поради која се одлучил за овој производ и потврди дека никогаш порано се нема соочено со слично вакво лошо искуство во минатото (Еј, па тој знаел дека нивниот маркетинг го води врвен и стручен тим).
 grid-cell-11281-1458865510-9
Во тужбата се наведува дека многу корисници се жалат на интернет за овие болни и несакани ефекти години наназад, но сето тоа поминало сосема незабележано од страна на комапнијата ,,Procter & Gamble,,. Исто така е наведено дека компанијата има шема и пракса на ставање во опасни производи именувајќи 13 различни дезодоранси како примери.
,,Old Spice,, брзо одговори на сите обвинувања тврдејќи дека оние корисници кои страдаат од изгореници се соочуваат со заеднички пропратен ефект на пречувствителност на алкохол. ,,Прво и основно, ние сме 100% сигурни дека ,,Old Spice,, е безбеден производ за користење – изјави портпаролот Damon Jones за ,,BuzzFeed,,.
 rash
,,Десетици милиони мажи годишно ги користат нашите производи безбедно и не сме имале никакви инциденти. Постојат 0.01% на корисници за кои постои можност да имаат некаква реакција и тоа не е невообичаено за секој производ.,,
Според фотографиите од корисниците кои се споделени на Facebook и аферите од самите корисници гледаме една сосема друга приказна. Корисници од различна возраст, пол и раса споделуваат фотографии од нивните болни искуства од овој производ.
enhanced-6024-1458867188-1
Многумина од нив се присетија на реакцијата на ,,Old Spice,, на ваков вид на поплаки повикувајќи се на ,,P&G,, (кои го занемарија случајот) навраќајќи се во 2010-тата година кога некои родители тврдеа дека некои од производите на пелените ,,Pampers,, им прават на децата осип на кожата.
Всушност после тужбата можеме да го заклучиме следното:  ,,Проблемот е широко распоространет и наместо да се одговори на ова сериозно прашање кое предизвикува изгореници на кожата, ,,Procter&Gamble,, го прикрива случајот се со цел да се продожи со продажбата на производот и да се продолжи со правењето на неочекуваните профити.
Ако ..Мириса на маж,, значи трајна ужасна непријатност, во овој случај момците можат да посакаат да мирисаат на нешто друго.
Посетено 2.684 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!