Дожд

tumblr_lv6bvbfp6e1r1yutvo1_500
Не можам веќе да пеам.
Збор не излегува
од мисливе.
Главата преполна,
а душата празна.
Некоја дупка имам
без дно,
што ми ги краде чувствата.
Само очите понекогаш
ке грабнат некоја мисла
и ке ја пуштат
да капне на образот.
А јас ќе се насмевнам онака… онака,
како да не ја забележувам.
А таа…
Пече, боли…
ми го бразди лицето,
сака да ме остари.
Ке ја избришам со раката, како да не била,
а таа пак се враќа.
И пак, и пак се враќа.
И така…
Течат мисли низ моиве очи…
како некој порои.

mondivi bel

Посетено 1.332 пати