ЖИВОТИНСКИ ДЕН

      Многу заебан ден.

Стануваш сабајле за на работа, уморен како куче. Пробуваш да ја запалиш колата, но таа не пали. Ти светнува дека си испаднал сом што вчера не си ставил гориво. Тоа е, треба да имаш меморија како слон покрај ваква работа. Правец во автобус. Едвај влегуваш, пошто луѓето се струпале како прасиња во тесна кочина. Секако, доцниш на работа. Влегуваш во канцеларија, а таму сите колеги зјапаат во тебе како телиња во шарена врата. По тебе влегува шефот надуван како паун и моментално почнува да сере ко фока. Те прашува зошто доцниш, а ти кротко му објаснуваш дека си спиел како јагне пошто си хронично уморен како коњ.

После твојот одговор, ноншалантно ти соопштува дека ти кине 20% од платата. Досаден е како мува. А ти си црна овца во таа канцеларија. По цел ден работиш како мравка, за да оправдаш. Си ја затрупал главата во документи, како ној во песок. Не одиш дури ни на паузи, иако си гладен како волк. Конечно, крај на работниот ден. Истрчуваш надвор како зајак за да стигнеш на време до автобусот, кој ти бега пред нос, и остануваш на станица лут како рис. Го чекаш наредниот автобус и дремеш како кокошка на јајца. Конечно доаѓа. Влегуваш, но лешинарите околу тебе ги фатиле сите места. Последна станица, се симнуваш од автобус и се влечеш до дома како желка. Стигнуваш дома и веднаш забележуваш дека мисирката те оставила без ручек. Одиш под туш пошто смрдиш ко пума. Чист и мртов уморен, легнуваш како мечка на спалната. Доаѓа жена ти со предлог да си поиграте мачка и глушец. Ама џабе, кога мунгосот нема никакви амбиции да стане…

Посетено 2.391 пати