Згазнавте на ДАСКИТЕ КОИ СРАМ ЗНАЧАТ!

Глумците од МНТ ја откажале претставата „Ничија земја“ во знак на протест за притворот на нивен колега. Не однапред, не најавено, не со враќање на парите за билети, туку таму, внатре, НА ДАСКИТЕ КОИ ЖИВОТ ЗНАЧАТ, непосредно пред почетокот на претставата!

nicija zemja-pocetna[fblike]

Немам ништо против да сочувствуваш со колега, да го браниш, да му ги одобруваш постапките, твое право, што сакаш мисли и прави! Ако веќе протестираш, протестирај таму каде што треба, излези пред суд, на улица, има начини, а има и места. Ама во театарот? Да извисиш толку многу луѓе кои се спремале, дошле, си платиле карта за да гледаат претстава… а ти да им речеш: фино што дојдовте, ај сега мрш, рикверц, да си одите… ТАКА НЕ СМЕЕШ! Тоа е исто како да си поканил гости, па си им ја треснал вратата пред нос кога ти заѕвониле на врата! Вашите гости, се вашата публика, заради која постоите! Меѓу нив има и вакви и такви и секакви. И такви кои го бранат вашиот колега и такви кои го осудуваат. Ама тоа на вас не треба да ви биде гајле. На политиката не ѝ е место во театарот! Тажно е и поразително што ширум ѝ ги отворивте вратите со оваа постапка! Крајно непрофесионален, понижувачки и кукавички чин! Театарот не е на мајка ти и на татко ти! На сите нас е! Наш е! Не е твоја приватна сопственост за да ти пред нос ми трескаш врата! Јасно? Кој ти го дал тоа право?!
Го оцрнивте МНТ! Се оцрнивте себе си! Згазнавте на ДАСКИТЕ КОИ СРАМ ЗНАЧАТ!

595х90 px-01

Посетено 1.976 пати