Видов супер месечина

super-rmesecina
Викаат вечерва супер месечина, најблиску до земјата, најголема ќе била. Излегов на тераса, се спремам психички цел ден да не паднам во несвест од вчудоневиденост поради најавите за големината, викам сеа ко ќе видам џиновска топка преку цело небо аууу, ќе биде доживљај! Излегов по тренерка така психички спремна на тераса, гледам, гледам, ја барам, едвај ја најдов. Месечина ко месечина, топченце, ептен мала ми се виде. Не знам зошто така. Изгледа не зјапам во месечината често, инаку денес ќе си знаев и со свои очи ќе си видев дека е за 2мм вака одокативно поголема од вчера. И сега ептен ми е криво што не сум воодушевена, а сум можела да бидам, а највише што не сум си купила телескоп на време. Се на се, од авантурата со супер месечината ми остана едино тоа што супер се смрзнав 

[button color=”#000″ background=”#fff” size=”large” src=”http://majkatiitatkoti.com/prikaski-za-mali-deca/kalina-kosi-page/”]Можеби ќе ве интересира повеќе од истиот автор[/button]

Посетено 844 пати