Вака се заштитуваат самохраните мајки во Македонија?

samohrana majka-pocetna_majkatiitatkoti
Еве ја ситуацијата: Македонска ситуација бурлески… девојката пријавила пред две недели у полиција, нема писмен доказ за пријавеното, нема реакција од полициските службеници под изговор дека насилников ги заплашил со “некој ќе заврши у гроб”. Се обратила во социјално, ја избркале од таму, по наши препораки повторно побарала заштита и и кажале да седи мирна и дека тоа не е нивна работа. Јас лично се обратив во надлежната полициска станица утринава, ми ја дадоа инспекторката, таа од како ми постави тон прашања на кои доби соодветен одговор, рече дека имале колеги кои на терен се и работат на случајов на што јас прашав дали три недели се на терен и работат а детето е сеуште кај насилникот кој е и алкохоличар, по ова се премисли и рече дека ваков случај не бил пријавен. Замолив еве да пријавам јас сега веднага, одговори дека ова не е начин на пријавување, замолив да ми го каже начинот, ми рече прво во социјално да ги исконтактирам и нема она ништо да заведе како пријавено дури не разговараме со социјално па они под нивна препорака да преземат нешто и ми тресна слушалка. Во социјалното цело утро креваат слушалка и спуштаат без да се обратат. Вака се заштитуваат самохраните мајки во Македонија?
edna-moze
Една може! застанува во заштита на сите сингл мајки и ова е повик до јавноста, раширете ја приказнава, да и го вратиме детето на мајката!

[button color=”#000″ background=”#fff” size=”large” src=”https://www.facebook.com/ednamoze.packova”]Доколку сакате да се придружите на “една може!” и дознаете повеќе![/button]

Посетено 2.360 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!