Тоа што нема да те убие, ќе ти смисли поглуп цитат од овој…

Ептен поштувам цитати вредни за презир. Како на пример овој:
Тоа што нема да те убие, ќе те направи посилен

Тешка глупост. Ова технички не е вистина, особено за луѓето што ја цитираат оваа фраза, затоа што таквите најчесто не биле во никаква опасност, никогаш не ризикувале, никогаш не биле тешко болни и слично.

Ама не, чим ја користиш оваа изрека си интелектуалец, без разлика дали звучиш како бабун со дислексија.

Нив и да им се случи нешто од животна опасност, ќе станат послаби наместо посилни, затоа што употребуваат вакви какофонични фрази!!!

Посетено 918 пати