Студентите и професорката

dana prelicНие си старееме ама на Факултетот владее вечна младост. Нови и нови генерации млади и интересни дечки полни со хумор. Со секоја генерација си воспоставуваш релации и тераш. На предавања некогаш брилјираш, некогаш си добра, некогаш помалку добра, а некогаш си “што сум дизал рака, сум го грешел денот’’. Жив човек сум си викаш, се’ зависи од денот, ај ќе извлечат општ заклучок за тебе во текот на целиот семестар. Имаш голем број млади главчиња кои те перцепираат 2 пати по 45 минути и ти пенетрираат до ниво на клетка. 🙂 Прво ти маваат скен како си дотерана, нашминкана ..и после чекаат да видат што имаш да кажеш.
Због заради 🙂 долгогогодишно искуство веќе не им ги читаш мислите туку им ги гледаш како облачиња од стрипови врз главчињата:

• Шо се занесува бе оваа?
• Леле, леле, лелеее ако сум трудна…23, 24, 25..27… уфффф
• Куде ќе га носу без паре?!
• Денес треба да ги земемо скриптете?
• Тоа карминот уше поцрвен да го стаеше, скроз у брчки да ти влезе!!!
• Туф, туф, шо кажа сеа, без ова нема живејачка!
• Еееј ама е кул женава
• Не требаше ноќеска камен да се праам..тежок ќе биде денов
• Добра е онаа плавката ама другарка и’ не е толку глупа
• А мор да го вовлечеше тро то стомакот!
• Е многу е интересна женава
• Шо мафташ ма толку со рацете?!
• Дан’требит и ова..ауууу
• А бе требаше онаа да ја ќарам вчера..сега е тулејт
• Е сега ама се испозанесе.бре..бре..бре

Дечки среќен почеток на семестарот. Ве сакам!

Посетено 934 пати