Стравот е страшен само за оние што му се плашат

Ти, да ти кој што дремеш пред компјутер и го читаш ова, тебе ти се обраќам. 
stravot-e-strasen-samo-za-onie-sto-mu-se-plasat-1
Зарем ти е потребен мотивационен текст од некој анонимен
за да ги оствариш своите соништа?
Запрашај се сам, а потоа одговори си го прашањето на глас доколку имаш храброст.
Ако сепак немаш како што претпоставувам, продолжи да читаш, кога веќе си започнал да ме читаш, дочитај ме.
Или сепак се премисли, немаш време за вакви срања, како што немаш време за сите останати срања во животот кои треба да ги исчистиш стравувајќи од нивната миризба која ќе те онесвести.
Стави штипка на носот и почни да чистиш, кога не можеш повеќе одмори, повторно продолжи, одмори.
И така секој ден додека твојот живот не замириса на убаво, чисто, свежо.
Не ти е потребен ниту еден до тебе кој ќе те бодри, се имаш себеси, доволна публика која ќе те бодри со химната на твоето срце спремна да те поддржи било дали ќе победиш или изгубиш.
Сепак стреми се кон тоа првото, бидејќи ако не се стремиш кон победа, секогаш ќе бидеш губитникот кој се откажува после една изгубена утакмица.
Животот е како утакмица, дава дополнителни минути кои ти даваат надеж за подобро утре, надеж дека ќе ја славиш победата до ноќните часови, а наутро ќе се разбудиш свеж иако си спиел само неколку часа, доволно за да не заспиеш тренирајќи ги своите психички способности за наредна победа.
Бидејќи денес знаеш се е во психата, тоа што го мислиш, тоа и го привлекуваш, но ти често тоа го забораваш, нели?
Земи читај книга, збогати си го вокабуларот, наместо да се замараш со глупави коментари на социјалните мрежи кои ти го отупуваат мозокот.
Тргни по правилниот пат, твојот пат кој ќе си го одредиш сам, патокази не се надевај да најдеш, ти самиот ги создаваш, ти можеш да создадеш се, доволно е само да посакаш.
А зошто не сакаш, поради стравот ли?
Да ти кажам нешто, стравот е страшен само за оние што му се плашат, знаеш.
Сигурно не знаеш кога се уште го читаш текстот кој би требало да те крене од столчето, но всушност ти самиот треба да се кренеш од столчето и да застанеш исправен, подготвен за крепење на успехот кој те очекува.
Кога ти е страв од нешто, било што, запрашај се која е најлошата варијанта која можеш да ја искрепиш, во истиот момент ќе сфатиш дека може да искрепиш се.
Тогаш стравот ќе се плаши од тебе, тогаш непознатото ќе сака да се дружи само со тебе бидејќи знае дека нема да го одбиеш кога ќе те праша дали може да се запознаете.
Тогаш стравот ќе се исплаши од тебе и твојата волја за успех, газејќи го неуспехот пред твоите очи.
А ти, секогаш стреми се кон повеќе, подобро, поубаво, бидејќи само небото е граница, а ти нема да знаеш за граници.
Посетено 4.467 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!