Си купуваш курва, а мечтаеш за љубов

frose_majkatiitatkotiМене за среќа само една прегратка ми треба. Ништо повеќе и ништо помалку. Уморна сум од вашите евтини приказни, полни со скапи изговори. Секој чекор веќе однапред ви го знам. Ви гледам зад маската што бесрамно ја носите. За очите маски не постојат. Тие ве издваат. Секој потег што ќе го направите, за мене е дежа ву. Како претстава по 100 ти пат одиграна. Без импровизации. На памет научена. На сите ви ги знам дуплите животи. Мене за среќа ете, малку ми треба. Големите сметки ќе ви купат курва, но не и љубов. Али со курвите е лесно. Никогаш нема да ви кажат дека токму во вас се заљубени. Бидејќи не се. Затоа и никогаш нив не можете да ги налутите. Секогаш ќе ви се смешкаат. Бидејќи ги заболе за вас. На безбеден терен сте. Со нив секогаш знаете на што сте. Исто ко што знаете дека сте несреќни кога ќе се разбудите сами. Уште полошо е ако не се будите сами, а пак сте несреќни. Не ми глумете големи манагупи, кога единственото големо кај вас е вашето его. Се извинувам. Имате и уште нешто големо. Голем ви е стравот од убаво. Ни вие невести не ми глумете Мајка Тереза и не трепкајте со очињата, бидејќи вашата улога на планетава не е само да им се допаднете на овие погоре со вашата финоќа, кога единственото фино нешто на вас е маникирот. Свака част за козметичарката или како и да се вика таа шо те спремала. Ќе им го надрвиш на сите се додека не отвориш уста. Топ си коа си на mute. Ама и вие сте боље терен за обезмудени мажи, отколку вакви гомнојадци ко мене што креваат глас на се што не им се допаѓа.

Плус, немам тиргест фустан и бела бунда и не ја знам мој Београде. Губам од старт. Јас можам да излезам сама, да седнам на шанк и да нарачам вино, додека уживам во Wish you were here од Pink Floyd. И супер да ми биде. А сама жена на шанк е увек мета на пијан амеба маж кој според неговата филозофија таа е дојдена тука за парење. Јас и ваквите како мене имаме етикета ( сите некого етикетираме, свесно или не) на кучки, бидејќи не знаеме да го билдаме машкото его. Не сме кукли на навивање според желбата на сопственикот, бидејќи не сме ничија сопственост. Но знаеме да љубиме. Така жестоко како пламенот со кој одјебуваме. Како дрскоста која излегува од нас кога ќе се почувствуваме навредени. Ете така страстно љубиме. Со пламен, а не со жарче. Без задршки. Мене за среќа само љубов ми треба. Не ми дувај у фаца со цигарата, пошо тоа не е фраерлук. Не ми ги вади на маса клучевите. Ок е. Мерцедес возиш. И знам дека саатот ти е скап. Но, ти не биди евтин. Ти се топи егото како коцките мраз во скапото виски. Јас ќе си го платам виното. И бакшиш ќе оставам на келнерот. Можеш само со љубов да ме купиш.

si kupuvas kurva-naslovna_majkatiitatkoti

Извади го саатот и заборави на времето. Изгаси ја цигарата и запали ми оган во очиве. И не ме префрлај до дома со колата. Фати ме за рака и води ме низ ноќта по тесниве сокачиња. И љуби ме. Како да нема утре. Нека ми смрзнат образите. Ништо не е страшно кога ти е топло на душата. Мене за среќа само волку ми треба. Шо ќе ми е викенд во хотел со пет ѕвезди, кога мојот шатор ги има сите ѕвезди на небото? Гушни ме. Искрената прегратка е најскапото нешто што можеш да го дадеш. Место да ме следат твоите зеници ко наместен фокус од камера, дојди. Од љубов не се умира (освен ако не ме накурчиш).

Автор: Фросина Ѓоргиоска

Посетено 10.141 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!