Ако започнеш нешто, заврши го, во спротивно не почнувај

Луѓето се глупави, реално, бидејќи живеат во затворена кутија и никако не сакаат да излезат од неа, иако знаат дека светот нема форма на коцка, светот има кружна форма која лебди во бесконечност.

Тие се плашат од таа бесконечност, уживајќи во својата комфортна зона, надевајќи се на подобро утре, џарејќи се во четирите sида на нивната кутија, не е чудо што отупуваат.

Никој не се обидува да научи нешто ново, да разбие мит, да се судри со предрасуда, да замине во авантура, да доживее ново искуство, да чита книга, никој не се дрзнува да живее.

Сите седат и гледаат како одредени поединци излегуваат од нивните кутии бидејќи сакаат да видат што има подалеку од својот нос.

Ги гледаат таквите поединци и наоѓаат забелешки кои ги нарекуваат критики, а критичар не може да биде секој, да се разбериме.

Кртитиката не претставува изразување на факти препишани на друг, кои не одразуваат нас самите, критика претставува искажано мислење за одредено дело од страна на човек критичар.

Ете тој човек критичар има прочитано книги повеќе отколку што некој има коса на својата глава, има размислување без предрасуди и осудува реално, без завист.

Критичарот е тој што дава сурови коментари и совети за уметникот да го подобри делото, а не со цел да се повлече и да прифати пораз, бидејќи едноставно уметникот не се бори со критичарот.

Тој веќе победил штом успеал да допре до критичарите и луѓето кои го обожуваат, останатие кои само коменираат се обидуваат да привлечат внимание на себе кое никогаш нема да го добијат доколку секогаш критикуваат други, а себеси никогаш.

Ете така тие поединци си излегуваат полека од кутијата и влегуваат во кругот наречен свет, некои од нив ќе се уплашат и ќе се вратат повторно во неа, но некои ќе сфатат дека кругот и не е толку страшен во споредба со коцката.

Тие луѓе никогаш не се откажуваат од големината на нивните мисли, соништа, можности, едноставно немаат граници, бидејќи знаат дека бесконечноста нема граници.

Доколку сфативте за што станува збор и се двоумите дали денес да излезете од вашата кутија или да останете засекогаш во неа се додека истата не се претвори во ковчег, време е да престанете со двоумење и да скокнете во бесконечноста.

Но, запомнете кога еднаш ќе го направите тоа, завршете го до крај, надградувајте се и обидете се да убедите други луѓе да излезат од своите кутии.

Никогаш не се враќајте назад во кутијата и не се плашете од неуспех, самиот збор го содржи зборот успех во него, потребно е само да го избришете тоа не пред него.

Ако почнеш нешто заврши го, во спротивно не почнувај, бидејќи доколку се двоумиш дали да се откажеш, секогаш ќе завршуваш уште пред да започнеш.

Посетено 2.429 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!