Сфатив дека се зависи од мене, сега сите можат само да ми се фатат!

sfativ-deka-se-zavisi-od-mene-sega-site-mozat-samo-da-mi-se-fatat-1[fblike]Викаат учи на туѓи грешки, биди мудар, а јас им викам
ќе бидам искусен и ќе учам на свои.

Не можеш да научиш од туѓи грешки бидејќи тие се туѓи, биле правени под различни околности, со различни постапки и така натаму, ако ме разбирате што сакам да ви кажам.
Откако решив да учам на своја кожа, од свои грешки, можам конечно да кажам дека доколку учев колку што правев грешки, досега ќе докторирав.
Но, океј, ништо не е изгубено, дипломата за животно копиле која ја добив баш ми служи за да ги одебам личностите кои не ги сакам во моја близина на фин и културен начин.
Исто така знам да се извлечам од различни ситуации и конфликти. Искрено не ги сакам конфликтите, но доколку некој нападне, отпорот е неминовен, како и мојата победа.
Кога некој ми бара, му го давам…тоа што ми го бара, нормално да не си помислите на нешто друго.
Мразам конфликти, мразам глупави луѓе, мразам безизлезни ситуации како што некои ги викаат бидејќи од секоја ситуација има излез, потребно е само да ти работи кликерот во главата.
Не трпам никој, а никој не ме трпи ниту пак мене, што ми одговара, накурчен сум и ми се може, но сепак го задржувам она културното и човечкото во мене.
Обожавам да ги одебавам луѓето со култура бидејќи им вадам на маса оружје кое го немаат тие.
Сето ова беше спротивно во минатото, кога некој ќе ме навредеше, тепав, кога некој ќе ме предизвикаше, го терав да зажали за тоа што се обидел, кога некој ќе ми згрешеше, автоматски можеше да си резервира место во болница.
Се нервирав, си ставав на душа и ги слушав другите кои ми кажуваа како да се однесувам се додека еден ден не сфатив дека се зависи од мене.
Дали нечија навреда ќе ме навреди зависи од тоа дали ќе ја прифатам ЈАС.
Дали некој ќе ме предизвика зависи од тоа дали ЈАС ќе му покажам дека ми привлекол внимание.
Дали некој ќе ми згреши зависи од тоа дали ќе ја добие прво МОЈАТА доверба или добрина.
Сега сум слободен човек на кој сите може да му се фатат за патлакот исто како што некогаш му се фаќале за зборовите, делата, грешките…
На професионален план, не трпам секакви шефови бидејќи не зависам од нивната плата, не трпам курчење и рмбање. Професијата ми е флексибилна и барана, а доколку некој не ја цени, го одебувам културно.
Тоа е така како што е бидејќи знам дека се зависи од мене, на навредите се смеам, на предизвикувањата се смеам, на грешењето од луѓето не се изненадувам, бидејќи го очекувам, на шефовите им се смеам бидејќи знам дека никогаш нема да бидат сами свои шефови.
Си реков зошто да се нервирам за вас, кога можам да ви се смеам во лице и да се нервирате вие.
Направете го истото и вие, сфатете дека се зависи од вас во вашиот живот и дајте им да ви се фатат сите оние кои се фаќаат за вашиот живот некултурно.
Посетено 22.686 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!