Отворено писмо до моето неродено дете

otvoreno pismo

 

Во светот во кој живееме денес, младите тешко се одлучуваат да родат дете бидејќи се плашат од околината во која истото ќе расте, пријателите со кои ќе се дружи, предрасудите и што уште не…

 

Ова е писмо од една девојка до своето неродено дете кое планира да го има во иднина, во кое му кажува како треба да се однесува кога ќе порасне.

 

“Драг сине/ Драга ќерко,

 

Не знам што ќе бидеш, дали момче или девојче,но што и да бидеш сакам да бидеш и човек меѓу другото.

 

Немој да бидеш само уште еден меѓу луѓето, обичен, работејќи во фабрика која не ја сака, умирајќи за политичка партија без причина, озборувајќи се и сешто и живеејќи за другите.

 

Живеј за тебе, бидејќи никој друг нема да го направи тоа, иако сите ќе ти кажуваат дека не живееш правилно, не слушај ги!

 

Едноставно не сакам да бидеш глупаво дете, бидејќи ќе бидеш мое дете, а јас не сум глупава.

 

Биди како мене, биди како мајка ти, следи ги своите соништа бидејќи секој има право да сонува, но и да го оствари својот сон.

 

Сигурна сум дека ќе те бива за нешто, секој е роден на некој начин да допридонесува во општеството, јас бев родена за пишување, па затоа сакав да допридонесам со ова писмо во подобрување на твојата свест и живот во подобар правец.

 

Многу од младите денес имаат попречена перцепција, живеат само за да излегуваат, работат само за да се прехранат, живеат за да преживеат, немој да бидеш како нив.

 

Работи го тоа што ќе го сакаш, она што душата ти кажува дека е за тебе, само така ќе имаш многу пари и успехот ќе те следи во секој чекор.

 

Сакај со цело свое срце и секому давај шанса, искрено пријателство и помагај, ако некој не го ценат тоа веднаш бегај од таквите.

 

Тие ќе ти побараат втора, трета, десетта шанса, крпено пријателство и никогаш нема да ти бидат благодарни за било што.

 

Научи да ги препознаваш оние што грешат навистина и оние што грешат намерно, вторите одеби ги.

 

Во поглед на љубовта, не се заебавај никогаш со никого бидејќи на крајот ќе се заебиш сам на најлош можен начин.

 

Ничии чувства не се за играње, ничие срце не е закршење, ничие време не е невредно за трошење. Сакај искрено, целосно и предај се на личноста која мислиш дека е правилна за тебе, не си играј мајтап.

 

А бидејќи знам дека ова самиот ќе го сфатиш од сопствено искуство, само ќе ти речам да имаш кондом во џебот каде и да одиш, без разлика дали си девојче или момче.

 

Немој да направиш грешка која ќе те обврзи за некој цел живот уште пред да почнеш да го живееш.

 

Лажните пријатели ќе ги препознаеш сам, ќе ти забодат нож во грб, но не се секирај, оние вистинските ќе бидат тука да ги лечат твоите рани, нив сакај ги и никогаш не ги напуштај.

 

За крај, сакам да ти кажам уште нешто, патувај, шетај, живеј, пробај се што е во границите на нормалното и ненормалното, не се грижи за мене дека ќе ме оставиш сама и ќе заминеш далеку.

 

Замини доколку тоа ти е желба, јас нема да патам бидејќи секогаш ќе ме носиш во срцето каде и да заминеш.

 

За недостигање можеби ќе ми недостигаш, но секогаш кога ќе се допрам на градите ќе те чусвтвувам блиску до мене, бидејќи тоа што чука во нив е за тебе, ти си тоа што ми чука во градите и доволна причина која ќе ме држи на нозе во старите денови.

 

Запомни го тоа!

 

Те сака,твојата мајка…”

Посетено 2.687 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!