Обожавам зборлести луѓе

[fblike]besilka_majkatiitatkoti
„Еј како си?“
-ме праша еден познат на улица
„таман…а ти?“
„а бе знаеш како е, на работа
бла-бла-бла…..“
После 45 минути монолог ми продолжува
со дечкото на ќерка му,
па после пола саат
менува тема па збори за гео-политичката
состојба во светот.
Тргнав да си одам
„а бе каде? само што почнав“
„да бе знам, слободно збори си,
одма се враќам“
Тоа беше 2009-та
во 2012та поминав по истата улица
го гледам уште си збори, не се помрднал од место
„во право си се што кажа, а со здравје како си?“- го прекинав
Пак почна бла,бла…..
Денес поминав еве го уште збори
„а не те прашав за кого гласаше?“ – тивко, на увце го прашав
И пак бла-бла….
Највероватно ќе се вратам во 2016-та
да го прашам дали си купил гробно место во Бутел,
мислам дека тоа ќе биде последното прашање.
Обожавам зборлести луѓе, ама не мора баш
на улица да ме гњават.
Посетено 2.428 пати